Папата до бегалците: Не дозволувајте да ви ја украдат надежта

По молитвата Ангел Господов Светиот Отец потсети дека денес, 17 јануари се обележува Светскиот ден на мигрантите и бегалците, а во контекст на Светата година на милосрдието се слави како Јубилеј на мигрантите.

Големите камени садови кои Исус ги дава за да се наполнат со вода за да ја претвори во вино е знак на преминот од Стариот во Новиот Завет: на местото на водата користена за обредот чистење ја примаме Исусовата крв, пролеана на светотаински начин во Евхаристијата, а на крвен начин на неговата мака на крстот – истакна папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов на 17 јануари, коментирајќи го чудото кое Исус го направи на свадбата во Кана. Светите Тајни кои произлегуваат од пасхалното таинство нè исполнува со натприродна сила и ни овоможува да го вкусиме бескрајното Божјо милосрдие – додаде Светиот Отец.

Во Исусовото чудо во Кана можеме да го видиме делото на неговата добрина кон младенците, знак на Божјиот благослов на бракот. Затоа љубовта на мажот и жената е добар пат за живеење на Евангелието, односно патот кон светоста – објасни Папата. Меѓутоа напомена дека чудото на свадбата не се однесува само на младенците. Тоа сите нè повикува да откриеме како Исус не ни се претставува како судија кој чека да ја осуди нашата вина или командат кој ни наметнува слепо да ги извршуваме неговите заповеди.

Исус се покажува како Спасител на човештвото. Се преставува како оној кој одговара на чекањето и ветувањето на радоста присустна во срцето на сите нас – објасни папата Фрањо и поттикна да се запрашаме: Го познавам ли Господ токму на тој начин? Одговарам ли на неговата љубов која секојдневно ми ја покажува? Исус нè бара и повикува да му подготвиме место во сопственото срце. На патот на верата со Него, никогаш не сме сами – рече Папата.

По молитвата Ангел Господов потсети дека денес се обележува Светскиот ден на мигрантите и бегалците, а во контекст на Светата година на милосрдието се слави како Јубилеј на мигрантите. „Драги мигранти и бегалци секој од вас носи по една приказна, култура, скапоцени вредности, а за жал често и искуство на беда, угентување, страв. Вашето присуство на овој плоштад е знак на надеж во Бог. Не дозволувајте да ви ја украдат надежта и радоста во животот кои произлегуваат од искуството на Божјото милосрдие, а и благодарение на луѓето кои ве прифаќаат и кои ви помагаат“ – рече Светиот Отец на мигрантите и бегалците.

На крајот со сите ја измоли Радувај се Маријо за жртвите на неодамнешните терористички напади во Индонезија и Буркини Фасо.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот