Ако сака да се уништи некоја личност, се започнува со оговарање, клеветење и наводни скандали
Папата Фрањо на утринската света Литургија во понеделник 18 јуни 2018 година во домот Света Марта го започна своето размислување врз основа на првото читање од Третата книга Царства, која го опишува настанот со Навутеј. Изралескиот цар Ахав го бара неговото лозје и му нуди пари. Но таа земја е наследство на Навутеевите татковци и затоа одбил да ја продаде. После тоа Ахав кој е тврдоглав како деца кога не го добијат она што го бараат, станал тажен. Потоа по совет на неговата крута жена Јазавела го оптужи Навутеј за лага, нареди да го убијат и го зема неговото лозје. Навутеј е „маченик за вреност кон традицијата“ која ја прими од своите татковци, кои се повредни од лозјето и кое е „наследство на срцето“ – рече Папата
Случајот на Навутеј потсетува на историјата на Исус, историјата на свети Стефани, сите маченици кои биле осудени врз основа на клевета – рече Свтиот Отец и додаде: Го покажува начинот на кој се постапува со многу луѓе, претседатели на влади и држави. Започнува со една лага и откако со таа клевета ќе се уништи една личност или ситуација, се суди и се осудува. И денес во многу земји се користи оваа метода за уништување на слободната комуникација.
На пример, да замислиме дека постои закон за средства за информирање и комуникација и тој закон се поништува и сите средства з комуникација се дадат на едно друштво кое клевети, измислува лаги и го уништва демократскиот живот – рече папата Фрањо и продолжи: Потоа доаѓаат судиите да судат на тие ослабнати институции, на тие уништени луѓе, осудувајќи ги и така ја шират диктатурата. Сите диктатури започнуваат така, расипувајќи ја комуникацијата, ставајќи ја комуникацијата во раце на бескруполозни луѓе и власт.
Така е во секојдневниот живот, ако сака да се уништи некоја личност, се започнува со оговрање, клеветење и наводни скандали – рече Папата и предупреди: Пренесувањето на скандалите е многу заводливо. Вестите со вистина не се заводливи. Се вели: убаво тоа што го направил и продолжува понатаму. Но скандалите предизивикуваат вести: Дали виде што направи, дали ја виде таа ситуација, не може така да се оди понатаму. На тој начин се штити лошото зборување и ја уништува таа личност, институција и земја. На крајот не се суди на лицата, туку на „рушевини“, кои настанале од тие лица и институции, бидејќи не можат да се бранат.
Заводливоста на скандалите со информациите го турка човекот во агол, го уништува како што се случило со Навутеј, кој само сакал да биде „верен на наследството на своите претци“, а не да го распродаде – нагласи Светиот Отец и додаде: Во таа смисла пример е и свети Стефан, кој имал долг говор, но оние кои го обвинија, не сакале да ја слушнат вистината, туку го каменувале. „Тоа е драмата на човечката алчност“. Многу луѓе се уништени со злобно говорење.
Многу луѓе и земји се уништени поради злите и клеветнички диктатури – напомена папата Фрањо и потсети: Да помислиме на диктаурите од минатиот век. Да се потсетиме на прогонството на Евреите. Клеветничкото зборување против Евреите предизвика нивно носење во Аушвиц, бидејќи „не заслужиле да живеат“. Тоа е ужасот кој се случува и денес во малите претпријатија, меѓу луѓето и во многу земји. Првиот чекор е да се присвои комуникацијата, потоа да се уништи, да се суди и да се убие.
Апостол Јаков зборува токму за „разорувачката можност на злата комуникација“ – рече папата Фрањо на крајот и поттикна повторно да се прочита настанот со Навутеј и да се размислува за бројните уништени луѓе и земји, за бројните диктаури кои во „ракавици“ уништиле поедини земји.
РВ/к.мк