Папата повторно ја истакнува својата близина и молитвите за верниците католици во Кина, кои на 24 мај ја слават својата заштитничка Пресвета Богородица од Шешан.
Денес, на празникот Блажена Дева Марија Помошничка на христијаните од Шешан, да се соединиме во молитвата со браќата католици во Кина – со таа твитер порака папата Фрањо на 24 мај поторно во мислите и во молитвите се соедини со верниците католици во Кина, и тоа на саканиот празник Пресвета Богородица од Шешан, Богородица која се чува во базиликата од XIX век, сместена на врвот на еден рид недалеку од Шангај. Во тоа национално светилиште секоја година ходочастат илјадници верници.
Пресвета Богородица многу драга за кинеските католици
Пресвета Богородица од Шешан заштитничка на Кина, кинеските католици најмногу ја сакаат и ја чествуваат посебно во мај. На неа ѝ се препишуваат чуда и објави во заштитата на христијаните, посебно во текот на мрачното воено време во минатиот век – рече отец Паоло Конг, национален кооординатор за пасторал на кинеските католици во Италија. Папата Бенедикт XVI во 2008 година ја состави Молитвата до Пресвета Богородица од Шешан, доверувајќи ѝ ја судбината на Црквата во Кина. А една година пред тоа на Пресвета Богородица од Шешан ги довери католиците во Кина и тоа во писмо, барајќи 24 мај во целиот свет да стане ден на соединување и молитва за Црквата во таа земја.
Сведоштво, вера и единство
Папата Фрањо изминатите години секогаш потсетуваше на денешниот празник, молејќи од Марија – која во Шешан е прикажана како го држи својот Син и го покажува на светот – сила за сведочење на кинеските верници. Тоа го направи и вчера. На крајот од Генералната аудиенција повика на молитва за – како што рече – драгите Господови ученици во Кина, за да можат верата да ја живеат великодушно и мирно, и да знаат да прават конкретни гестови на братство, слога и помирување, во полното заедништво со Петровиот наследник.
РВ/к.мк