Папата Фрањо испрати порака до учесниците на Светскиот форум за храна (WFF), кој се одржува во седиштето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во Рим и преку интернет, а него присуствуваат млади, политичари, научници, економисти, мали и големи компании од целиот свет. Да се препознае централното место на човекот и да веруваме во братството; само така нема да им дадеме на луѓето „само да јадат“, туку ќе се дадеме „себе во служба на другите“
Во овој период на меѓусебно поврзани кризи, Христовата порака нѐ повикува, дури и оние кои не веруваат, не само да даваме храна, туку да се даруваме во служба на другите, препознавајќи ја и гарантирајќи ја централноста на човечката личност. Тоа е приоритет што може да се зачува само ако повторно веруваме во братството и солидарноста што треба да ги вдахновува односите меѓу луѓето и меѓу цели народи – ова се централните мисли од пораката што папата Фрањо ја испрати до генералниот директор за храна и земјоделство при Организацијата на Обединетите нации (ФАО), Ку Донгју, по повод вториот Светски форум за храна (WFF), кој се одржува во седиштето на споменатата организација во Рим, и преку интернет, од 17 до 21 октомври 2022 година, на тема „Здрава прехрана, здрава планета“.
Храната е знак на Божјата добрина
Потсетувајќи дека храната е многу неопходна за човечкиот живот; всушност, таа учествува во неговата светост и не може да се смета за никаква роба. Папата истакна дека храната е конкретен знак за добрината на Создателот и плодовите на земјата. Тој се присети на поуките од бабите и дедовците и почитта кој го имаат кон лебот: го бакнуваат кога го принесуваат на трпезата – рече Светиот Отец- и не дозволуваа ниту една трошка да одите како отпад. Самиот Христос во Евхаристијата стана жив леб за живот на светот – истакна Папата и објасни: Меѓутоа, почитувањето на храната и доделувањето на првото место што го има во човечкиот живот ќе биде можно само доколку не нè интересира само неговото производство, достапност и пристап, како и техничките мерки на земјоделската трговија, туку ако бидеме свесни дека тоа е дар од Бога на кој ние сме само управители.
Внимание кон човечкото битие и потребите на оние кои немаат ништо
Нашата главна грижа треба да биде насочена кон човечкото битие како такво, имајќи го предвид неговиот интегритет и водејќи сметка за неговите реални потреби, особено оние кои ги немаат основните средства за преживување – нагласи папата Фрањо и ја заврши пораката доверувајќи ги плодовите од оваа средба на Бога со цел да се умножат иницијативите и одлуките насочени кон придонес за доброто и иднината на целото човештво.
Ватикан њуз/к.мк