По завршување на катехезата на Генералната аудиенција во среда 16 ноември 2022 година, папата Фрањо упати апел по повод силното руско ракетирање на Украина.
„Со болка и загриженост ја примив веста за новиот и уште посилен ракетен напад врз Украина кој предизвика смрт и штета на многу цивилни инфраструктури. „Да молиме од Господ да ги преобрати срцата на оние кои сè уште се стремат кон војна и да направи во Украина, која поминува низ мачеништво, да надвладее желбата за мир за да се избегне каква било ескалација и да го отвори патот за прекин на огнот и дијалог“, рече Папата во неговиот апел.
Ватикан њуз/к.мк