Христијаните треба да чувствуваат потреба за да им се простува и треба секогаш да одат кон Бог – рече Светиот Отец на светата Литургија во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека христијанинот на себе треба секогаш да го чувствува Божјиот благослов и да оди напред правејќи добро.
Бог ги благослови христијаните – рече Папата говорејќи за литургиското читање од Посланието на свети Павле до Ефесјаните и ја истакна главната карактеристика на благословот. Христијанинот во прв ред е избрана личност. Бог нѐ повикува еден по еден, а не како океанско мноштво. Бог Отец нѐ избра – рече папата Фрањо.
Замислете еден брачен пар кој очекува дете: Какво ќе биде? Каква насмевка ќе има, како ќе зборува? Се осудувам да кажам дека Бог го сонувал секој од нас, како што таткото и мајката го сонуваат своето дете. Тоа ни дава голема сигурност. Бог Отец те сакал тебе, а не маса народ, го сакал секој од нас. Тој е темелот на нашиот однос со Бог. Ние му говориме на Отецот кој нѐ љуби, кој нѐ избрал и ни дал име. Се забележува кога некој христијанин не се чувствува „избран од Бог.“ Напротив кога се чувствува припадник на една заедница, тогаш е како навивач на некој фудбалски тим. Навивачот го избира тимот и му припаѓа – објасни Папата.
Бог го избира христијанинот, го сонува. Кога живееме како избраници тогаш во срцето чувствуваме голема утеха, не се чувствуваме напуштени, не ни се зборува „снајди се како знаеш.“ Втората карактеристика на благолосовот е чувството дека ни е простено. Ако некој маж или жена не чувствуваат дека им е простено тогаш не се во целост „христијани“ – рече Папата.
На сите нас ни е простено преку Христовата крв. Што ни е простено? Сети се на лошите работи кои си ги направил, а не на оние кои ги направил твојот пријател, твојот сосед или соседите: Што сум направил лошо во својот живот? Бог ги простил тие работи. Благословен сум, па христијанин сум. Бог најпрво ме избра, ме сонуваше со името кое ми го даде, Бог ме љуби, таа е првата карактеристика на благословот, а втората е дека Бог ми ги прости лошите работи кои сум ги направил – рече папата Фрањо.
Третата карактеристика на христијанинот е дека секогаш е во одење. Христијанин е маж или жена во одење кон полнотата, кон Христос кој нѐ откупил. Не може да се сфати неподвижен христијанин. Христијанинот треба да оди напред, треба да оди. Неподвижен христијанин е човек кој примил талант, но заради страв за животот, заради страв дека ќе го загуби, заради страв од господарот, заради страв или олеснување го закопува во земја и таму го остава; мирен е па и неподвижен. Христијанинот е човек во одење, жена во одење секогаш прави добро, секогаш настојува да прави добро, настојува да оди напред – истакна Светиот Отец.
Тоа е идентитетот на христијанинот: благословени затоа што се избрани затоа што им е простено и затоа што се во одење. Ние не сме безимени, не сме толку горделиви за да не ни треба простување. Не сме ниту неподвижни. Нека Бог нѐ следи со милоста на својот благослов кој ни го дал односно со милоста на нашиот христијански идентитет – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк