Во молитвената накана за декември 2023 година, папата Фрањо ги насочува своите мисли кон оние кои живеат меѓу нас со свои физички или психички ограничувања, како и пречките што општеството сè уште ги поставува за нивно целосно учество. Во видеото објавено од Папската светска молитвена мрежа, Светиот Отец повикува на промена на менталитетот и погледот, истакнувајќи дека „различните способности“ на секој човек можат да придонесат за благосостојбата на сите.
Лицата со посебни потреби да бидат во центарот на општественото внимание – тоа го бара папата Фрањо во својата молитвена накана за декември 2023 година упатена до Црквата ширум светот. За овие лица – посочува Петровиот наследник – потребни се проекти и иницијативи насочени кон инклузија.
Погледнете го видеото.
Ватикан њуз/к.мк