Папата: Да молиме бројаница за сите кои страдаат од лудилото на војната

Папата: Да молиме бројаница за сите кои страдаат од лудилото на војната

На генералната аудиенција во средата, 9 октомври 2024 година, папата Фрањо ги спомена конфликтите на Блискиот Исток, Украина, Мјанмар и Судан и уште еднаш ги поттикна верниците, во октомври месецот посветен на Богородица, да ја молат за крај на сите конфликти

Откако минатата недела во базиликата Света Богородица Велика за време на молитвата бројаница молеше за застапништво на Богородица за мир што и самиот тој го посакува, во среда на 9 октомври, пред крајот на генералната аудиенција, папата Фрањо уште еднаш од плоштадот Свети Петар го испрати своето охрабрување да се моли за крај на сите конфликти во светот. Откако ги поздрави италијанските ходочесници, Папата ги охрабри верниците да ја „вреднуваат“ традиционалната маријанска молитва бројаница во овој месец посветен на Пресвета Богородица.

Ве поттикнувам сите да молите бројаница секој ден, доверувајќи се со доверба во рацете на Марија. На неа, грижливата мајка, да и ги довериме страдањата и желбата за мир на населението кое страда од лудилото на војната.

Своите мисли Папата ги посвети особено на земјите кои се најранети од непријателство и насилство и ги истакна една по една: настраданата Украина, Палестина, Израел, Мјанмар и Судан.

Истиот повик за молитва папата Фрањо го упати до верниците од земјите од германско говорно подрачје, кои ги охрабри да и дозволат на Марија да ги „води“ преку бројаницата до нејзиниот Син Исус и заедно да се помолат за мир во светот и за единството на Црквата. Обраќајќи им се на ходочесниците од француското и арапското говорно подрачје, Папата порача дека како синодална црква на патот кон Христос, треба да молат од Светиот Дух благодат за да бидат средство за единство и мир.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот