Кратко видео, само неколку десетина секунди, но со големо значeње. Папата Фрањо преку него го честиташе Божиќ на знаковен јазик за глувите лица, барајќи од нив да се молат за него.
Уште на 26 мај 2016 година на почетокот на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо ги поздрави верниците на знаковен јазик. Тој ден меѓу 20.000 луѓе кои се собраа на плоштадот имаше и 60 луѓе од здружението на глуви лица.
За значењето на кратката видео порака на Папата во разговор за нашето Радио Ватикан се осврна дон Марио Тети од Римскиот викаријат задолжен за пасторал со глуви верници и истакна дека тоа кратко видео значи дека Евангелието доаѓа навистина до сите луѓе, дека нема пречки. Тоа е токму она на што Исус нѐ поучи: одете по цел свет и навестувајте го Евангелието на сите јазици – рече тој. Таков беше и мојот повик за дијацезански свештеник; почувствував повик внатре во својот повик кој дојде токму од глувите лица, но како да дојде од Бог кој ме испрати да настојувам да го објаснувам Евангелието на нивниот јазик.
Потсетувајќи потоа на Исусовите зборови: Молете го Господарот на жетвата да испрати работници во жетвата своја, монс. Тети истакна дека треба да се моли за да испрати „специјализирани“ работници во „жетвата“ на глувите луѓе. Бидејќи има многу глуви кои се подготвени да ја примат пораката, но малку се работниците. Затоа овој повик на папата Фрањо треба да биде насочен најмногу до младите свештеници. Тие лесно учат затоа што учењето на знаковен јазик бара и значителна ревност, време и енергија – рече на крајот монс. Тети.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк