Папата го прими претседателот на Австрија

На 13 ноември 2014 година во Апостолската палата Светиот Отец го прими на аудиенција претседателот на Австрија, Хајнц Фишер, кој потоа се сретна со кардинал Пиетро Паролин, Папски државенсекретар и архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите – соопштено е од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

За време на срдечните разговори истакнати се позитивните односи меѓу Австрија и Светиот Престол, а потоа се разменети мислења за теми од заеднички интерес, како што е важноста за промовирање на верската слобода и човековите права, како и ангажирање во меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог. На крајот соговорниците се осврнаа на меѓународната ситуација, посебно за ситуацијата на Блискиот Исток – стои во соопштението од Канцелратијата за печат.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот