Папата го прими на аудиенција претседателот на Тунис
На 11 септември 2014 година Светиот Отец го прими Мухамед Монсеф Марзуки, претседател на Република Тунис, кој се сретна и со кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар и со архиепископот Доминик Мамберт, секретар за односи со државите.
Во срдечените разговори станало збор за теми поврзани со промовирањето на мирот, меѓурелигискиот дијалог, како и за човечките права – со посебен акцент на слободата на совест и вероисповед, но и за отфрлање на секаков облик на екстремизам и насилство.
Посебно е истакнато залагањето на Католичката црква на општествено, здравствено и образовно поле во служба на граѓаните на Тунис, пред сѐ на сиромашните. На крајот од средбата во центар на разговорите беа прашања поврзани со меѓународно и локално значење, со посебно внимание на ситуацијата на Средоземјето.
РВ/го*ко