Во понеделникот на 11 октомври, папата Фрањо го прими претседателот на Ерменија Армен Саркисјан на кој тоа му беше прва посета.
Приватната аудиенција траеше околу 40 минути, а потоа претседателот Саркисјан разговараше со Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите надбискупот Пол Ричард Галагер.
Ерменскиот политичар е избран за претседател на државата во април 2018 година, а во 1996 и 1997 година кратко бил претседател на владата.
Ерменија е земја на древното христијанско наследство, се напоменува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол по средбата и се истакнува дека во „срдечниот разговор“ станало збор за развојот и зајакнување на билатералните односи на Светиот Престол и Ерменија и меѓународни и регионални политички теми.
Минатата седмица во Ватикан престојуваше поглаварот на Ерменската Црква католикос Карекин II. Патријархот учествуваше на меѓународната мировна средба во организација на заедницата Свети Егидиј и беше во приватна посета кај Папата.
Ватикан њуз/к.мк