На 28 јуни 2021 година папата Фрањо го прими државниот секретар на САД Џон Блинкен, изјави шефот на канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.
Четириесетминутниот разговор се одвиваше во срдечна атмосфера и беше можност Папата да се потсети на неговото патување во САД во 2015 година. Светиот Отец ја изрази својата наклонетост и внимание кон народот на Соединетите држави – изјави Бруни.
По средбата портпаролот на Стејт департментот изјави дека папата и Блинкен ја потврдија својата посветеност на верската слобода, а меѓу темите за разговор биле и мигрантите, пандемијата и климатските промени. Светиот Престол го поздрави враќањето на Соединетите држави во климатскиот договор.
По средбата со Папата, Блинкен разговараше и со Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин. Меѓу другото Блинкен ја истакна надежта на Соединетите држави дека Венецуела ќе се врати на демократијата и со задоволство ќе и се помогне да излезе од бедата.
Бликен престојува во Италија во рамки на европската турнеја во која ги посети и Германија и Франција.
Ватикан њуз/к.мк