Папата го прими во аудиенција претседателот на Азербејџан
Светиот Отец го прими во аудиенција претседателот на Република Азаербејџан, кој потоа разговараше и со Папскиот државен секретар Паролин
Во петок 6 март Светиот Отец во аудиенција го прими претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев и неговата сопруга, кој потоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите, монс. Антоин Камилери. За време на срдечните разговори изразено е задоволство од развојот на билатереланите односи.
Посебно внимание е посветено на католичката заедница во Азербејџан, како и на иницијативи од полето на културата, кои во современиот свет ја покажуваат вредноста на меѓукултурниот и меѓуверскиот дијалог, со цел промовирање на мирот. Станало збор и за актуелни регионални и меѓунардони прашања, нагласувајќи ја важноста од преговори за конфликтите, како и воспитување кое ги промовира условите за мирен соживот меѓу народите и разните верски заедници.
РВ/го*ко