Папата го посети диспанзерот Света Марта
Во семејна атмосфера помина утринската средба на папата Фрањо со одговорните, волонтерите и штитениците и нивните семејства во диспанзерот Света Марта. Папата ги посети просториите на диспанзерот кој се наоѓа на неколку чекори од домот Света Марта, а потоа во салата Павле VI се задржа во пријателски разговор со повеќе од стотина луѓе.
Само неколку метри го одвојува диспанзерот од домот Света Марта, во кој живее Светиот Отец. Дванаесет волонтери – лекари и луѓе со добра волја – секој ден на многу мајки и деца им притекнуваат во помош со лекарска нега, со бесплатни лекови, храна, облека и обувки. Веќе повеќе од деведесет години тивка солидарност престојува во собите со отворени врати, кои папата Пиј XI ги отвори во 1922 година, а папата Фрањо ги посети пред средбата во салата Павле VI во која децата му приредија вистинско изненадување.
Имено, за три дена Светиот Отец го слави 77 роденден, па децата од картонски кутии поставени на количка, го сложиле портретот на Папата со натпис: Среќен роденден, папа Фрањо!, а потоа стигна и роденденската торта со свеќички.
Папата застана ги изгасна свеќите примајќи подаро џемпер при што се заблагодарил: Ви благодарам на ова посета. Ви благодарам на вашата љубов, на радоста на овие деца, на подарокот и тортата. Прекрасно! После ќе ви кажам каква беше тортата. Нека ве благослови Бог – рече Светиот Отец.
РВ/Д.И.