Папата го осуди егоистичното расфрлање на богатството и моќта
Пред средба со младите во Најроби, Папата го посети сиромашниот кварт Кангеми – еден од седумте сиромашни квартови во Кенискиот главен град во кој илјадници луѓе живеат во исклучително тешки услови.
Пред средбата со младите во Најроби, Папата го посети сиромашниот кварт Кангеми – еден од седумте сиромашни квартови во Кенискиот главен град во кој илјадници луѓе живеат во исклучително тешки услови. Луѓето во тие 7 сиромашни квартови сочинуваат 60% од населението во Најроби, а заземаат само 6% од градската територија. Во Кангеми Папата ја посети исусовската парохија „Свети Јосиф Работник“. Таму слушна неколку сведоштва меѓу кои беше и сведоштвото на една чесна сестра која работи во тој кварт и погледна краток филм за сиромашниот дел од градот.
Се чувствувам дома споделувајќи го овој момент со браќата и сестрите за кои не се срамам да кажам дека имаат посебно место во мојот живот и моите избори. Овде сум затоа што сакам да знаете дека не сум рамнодушен кон вашите радости и надежи, вашите маки и болки. Ја познавам тешкотијата со која се сретнувате од ден во ден. Како можеме, а да не ја осудиме таа нанесена неправда? – запраша Светиот Отец.
Папата ја истакна „мудоста на народните квартови“ која произлегува од – како што рече – „упорниот отпор на она што е автентично“, од евангелските вредности кои богатото општество вкочането од неконтролираниот конзумизам ги заборавило. Вие можете – рече Папата – да градите сојузи на припадност и соживот кои натрупаноста во една населба ќе го претвори во искуство на заедништво во кое се надминуваат пречките на егоизмот. Тие се вредности кои се засноваат на фактот дека секое човечко битие е поважно од богот пари. Ви благодариме што нè потсетивте дека е можен поинков вид на култура – им рече Светиот Отец.
Да се препознае манифестирањето на добриот живот кој меѓу вас расте секој ден – нагласи папата Фрањо – не значи дека треба да се занемари страшната неправда на градската маргинализација. Постојат рани кои ги нанесуваа малцинствата кои акумулираат моќ и богатство и егоистички со нив се расфрлаат, додека сѐ побројното мнозинство треба да се засолни во напуштените загадени и отфрлени периферии.
Недостатокот на пристап до основните инфраструктури и услуги – пред сè питка вода – е тежок проблем – истакна понатаму Папата велејќи дека е тешка неправда да се скрати водата. Во тие услови често уште се влошува насилството со криминалните организации кои се во служба на економските и политичките интереси и кои дури ги искористуваат децата и младите – како што се изрази – „топовско месо“ – за своите крвави работи.
Тоа е последица на новите облици на колонијализам кој Африка се смета за дел од тој механизам и се обидуваат да го оправдаат – како што рече – актуелниот модел на поделби во кој малцинствата имаат право на многу голем удел, а да не е возможно да се подели. Заради тоа повика да се почитува „светото право на земја, дом и работа.“
Папата потоа апелира сите христијани, а посебно пастирите да го обноват мисионерскиот ентузијазам и да преземаат иницијатива во борба против многу неправди, да се вклучат во проблемите на граѓаните и да ги следат во нивните борби, да ги чуваат плодовите на нивната работа и заедно да ја слават секоја нова мала или голема победа.
РВ/к.мк/Д.И.