Папата го одобри статутот на новата Конгрегација за лаици, семејство и живот

Папата Фрањо, по предлог на Советот на кардиналите, го одобри (до усвојувањето на соодветниот закон) статутот на новата Конгрегација за лаици, семејство и живот. Таа од први септември 2016 година ќе ги обедини сегашните Папски совети за лаици и за семејство

Според статутот „Конгрегацијата, е компетентна за сите прашања од надлежност на апостолско седиште за промоција на животот и на апостолатот на верниците лаици за пастирската грижа за семејството и неговата мисија според Божја промисла и за заштита и поддршка на човечкиот живот“.

Конгрегацијата е раководена од префект на кого му помага секретар, кој би можел да биде лаик, и од тројца заменици секретари лаици. Таа ќе има соодветен број вработени, како свештеници, така и лаици, одбрани, колку што е можно, од различни региони на светот. Ќе има три секции: за верниците лаици, за семејството и за животот, од кои секоја ќе биде раководена од заменик секретар. Конгрегацијата ќе ги следи утврдените одредби за Римската курија и има за цел да го охрабрува промовирањето на звањето и мисијата на верниците лаици во Црквата и во светот.

Конгрегацијата ќе ја промовира пасторалната грижа за семејството, ќе го штити неговото достоинство и добро засновано на бракот, ќе ги подржува правата и одговорноста во Црквата и граѓанското општество, за да може семејната институција сѐ подобро да ги извршува своите функции како во црковната област, така и во социјалната. Таа ќе има директна врска со „Папскиот Институт Иван Павле II за истражување на бракот и семејството“, со цел создавање на заедничка насока во проучувањето на бракот, семејството и животот.

Новата Конгрегација исто така ќе подржува и координира иницијативи во корист на одговорна прокреација и за заштита на човечкиот живот од зачетокот до природна смрт. Врз основа на моралното католичко учење и на просветителската власт на Црквата, ќе ја проучува и поттикнува подготовката на главните прашања од биомедицината и правото.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот