„Како сол и квасец – Напомени за теологијата на посветениот живот на Црквата“ е насловот на книгата за која предговорот го напиша папата Фрањо. Книгата која на 14 мај излегува од печат ја објавува Ватиканската издавачка куќа. Би требало да помогне за подобро познавање на таинството на хиерархиската света Мајка Црква; дека свештениците, монасите и лаиците живеат како браќа.
Во историјата на Црквата понекогаш се замислувало дека некој одреден сталеж на совршеност е подобар од другите, заборавајќи дека се победува кога сите три субјекти: Црквата, семејството и училиштето заедно стигнат до целта. Во предговорот на книгата насловена „Како сол и квасец – Напомени за теологијата на посветениот живот на Црквата“, двајцата автори фрањевци Валентин Наталиниј и Фердинанд Кампане, папата Фрањо се осврнува на трите сталежи на живот кои ја сочинуваат на Црквата, свештениците, монасите и верниците лаици кои не смеат да бидат како тројца непријатели, туку како тројца браќа. (…)
Патот на кој потсетува папата Фрањо е патот на заедништво затоа што – како што пишува, Црквата е убава затоа што ја сака нејзиниот Свршеник и Господ и со таа љубов ја прави плодна. Авторите на книгата имено ја разгледуваат науката на Црквата за посветениот живот преку темите како што се посветување, пророштво, послание, литургија, есхатологија, духовност, светост, осврнувајќи се на Пресветата Троица, Дева Марија и свети Јосиф. (…)
Ватикан њуз/к.мк