Папата ги прими учесниците на пленарното заседание на Апостолската сигнатура
Добриот Пастир нека биде пример за сите делители на правда во Црквата –посака папата Фрањо говорејќи пред членовите на Врховниот суд на Апостолската Сигнатура, кои ги прими на 8 ноември на аудиенција.
Делителите на правда во Црквата не можат рамнодушно да се однесуваат како обични вработени, посебно кога станува збор за правните процеси поврзани со бракот.
Потсетувајќи на документот Достоинство на бракот (Dignitas connubii) Папата истакна дека бранителот на брачната врска не смее, ако сака добро да ја извршува својата служба, да се задоволи со површно читање на документите или бирократските или општите договори. Вршејќи ја својата чувствителна должност, повикан е да ги усогласи прописите на Законикот на Канонско право со реалната ситуација на Црквата и општетсвото – рече Светиот Отец.
Говорејќи пак за односот на бранителот на брачната врска и судијата кој треба да го реши случајот, рече Папата – дека односот треба да се темели на почитување и дијалог. Бранителот не смее да се меша во работата на судијата, а судијата во работата на бранителот.
Секогаш треба да се земе во предвид усогласеноста помеѓу Црквата која евангелизира и Црква која дели правда. Служењето на правдажата е обврска на апостолскиот живот; таа служба треба да се извршува огледувајќи се на Добриот Пастир, кој се наведнува над изгубената и ранета овца – заврши Папата.
РВ/го*ко