Папата ги прими министрите за екологија од Европската Унија

„Ве охрабрувам да ги зголемите напорите за да може да се постигне посакуван резултат во Париз. Од моја страна и од страна на Светиот Престол нема да недостасува поддршката за да се одговори на соодветен начин, на повикот, кој го крева Земјата, како и на повикот на сиромашните“.

Ова го рече папата Фрањо во обраќањето пред 28 европски министри за животна средина, со кои се сретна во ватиканската аула Павле VI. Настанот е по иницијатива на Италијанската Министерство за животна средина и под покровителство на Луксембург кој го води претседателството на Советот на ЕУ.

Во словото Папата истакна дека „животната средина е општо добро, наследство на целото човештво и одговорност за секој еден од нас. Оваа одговорност бара ефективна соработка во рамките на целата меѓународна заедница“.

Светиот Отец потсети и на претстојните средби, посветени на климатските промени, во Њујорк и Париз, задржувајќи се на трите основни принципи кои треба да се применат за изнаоѓање на соодветно решение за одржлив развој.

На прво место, рече Папата, тоа е принципот на солидарност, „збор кој често е заборава или со која злоупотребува на стерилен начин“. Солидарноста – појасни Папата – „значи да се стават во пракса ефикасни средства, способни да обединуваат во борбата со уништувањето на животната средина и против сиромаштијата.

Вториот принцип е овој на правдата. Папата потсети на својата енциклика „Laudato Sì“, во која зборува за „еколошкиот долг“, пред сè меѓу Северот и Југот, поврзан со трговскиот дебаланс, чии последици се чувствуваат над животната средина, но, исто така и неразмерната употреба на природните ресурси од некои држави.

„Третиот принцип е учество на сите заинтересирани страни, дури и на оние кои често се ставени настрана при донесувањето на одлуките“. Папата Фрањо истакна дека живееме во еден многу интересен историски момент: од една страна науката и технологијата ни стават во рацете една невидена сила; од друга, правилната употреба на оваа сила, претпоставува прифаќање на едно сеопфатно и интегрирано видување. Ова бара да се отворат вратите на дијалогот, инспириран од слична визија, вкоренето во онаа сеопфатна екологија, за која зборува енциклика Laudato sì ‘“. Станува збор, заврши Папата, за голем културен, духовен и воспитен предизвик.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот