Папата ги довери Рим, Италија и светот под заштита на Богородица

Папата ги довери Рим, Италија и светот под заштита на Богородица

Во видео пораката, Папата ја моли Пресвета Богородица за заштита во кризната здраствена ситуација со епидемијата на коронавирусот. Видео пораката ќе биде објавена пред Литургијата која по тој повод „Денот на молитва и пост“ ќе ја предводи римскиот викар кардинал Анџело Де Донатис во светилиштето Богородица од божествената љубов. Во таа прилика папата Фрањо ќе ги посвети Рим, Италија и светот под заштита на Богородица, какок знак на спасение и надеж во овие денови на здравствена криза.

Директорот на канцеларијата за печат при Светиот Престол Матео Бруни најави духовно учество на Светиот Отец во молитвата до Блажена Дева Марија, под чии нозе папата Пио XII заедно со римјаните, молел за спас на Рим за време на повлекувањето на нацистичките единици.

После повеќе од 75 години сега имаме уште една итна, невидлива и исто така заканувачка опасност која го поттикна папата Фрањо да се обрати до Мајка Божја споделувајќи ги чувствата со римскиот викар, кардинал Де Донатис. Секојдневната света Литургијан од одмот Света Марта со Папата ќе се пренесуваат по пат на електронски медиуми. Таа одлука е донесена за да се излезе во пресрет на верниците кои се принудени да останат во своите домови поради избегнување на заразата со корона вирусот.

Во соопштението од Римскиот викаријат стои дека се предвидува и вонредно собирање на прилози како подршка на медицинскиот персонал кој великодушно  и пожртвувано се ангажира, грижејќи се за болните. Тоа е момент на благодарност во кој ќе се обединиме во духовно заедништво, ќе се чувствуваме како браќа и сестри во верата, солидарни, а не со сомнеж еден кон друг – напиша кардиналот Де Донатис во писмото со кое повика на „Ден за молитва и пост“.

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот