Папата во интервју зборуваше за бегалците

Во интервју за португалската телевизија „Радио Ренесанса“ од пред неколку дена за време на „Ад Лимина“ посетата на португалските епископи, Папата зборуваше за феноменот миграција, кој е во тек и кој ја загрижува Европа. Светиот Отец рече дека станува збор само за врв од ледениот брег. „Зад сето тоа што го гледаме постои причина за таквата состојба: зол и неправеден општествено – економски систем“.

„Човекот треба да биде во центарот на општеството, економијата и политиката, бидејќи преовладувачкиот економски систем го истиснува човекот од центарот, а на негово место се ставени парите, идолот на модата“. Поради тоа „треба да се оди на причините“. Таму од каде доаѓа причината за глад, треба да се бараат извори на вработување, да се инвестира. Од каде доаѓаат причините за војна, треба да се бара мир и за хего да се зазема. Светот денес е во војна со самиот себе“ – рече Папата

Папата посебно инсиситира да се прифаќаат луѓето „какви што се“, потсетувајќи дека и тој самиот е син на доселеници во Аргентина, во нација која не потпаднала под ксенофобијата, напротив која знаела да ги прифати сите доселеници од европските земји – и не само нив.

Во врска со својот апел за време на молитвта Ангел Господ на 6 септември во која побара од парохиите од цела Европа да прифатат по едно бегалско семејство, Папата прецизираше: „Кога велам дека една парохија треба да прифати едно семејство, не мислам дека сите тие треба да отидат и да живеат во парохиската куќа, туку парохиската заедница да побара место или простор каде би се изградил еден мал апартман или барем би се организирала околу плаќање на еден скормен апартман за тоа семејство; да имаат барем кров над главата, да бидат прифатени и примени во заедницата – истакна папата во интервјуто.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот