За време на разговорите, високо беше оценета меѓусебната соработка, истакнувајќи го придонесот на Црквата во борбата против тековните предизвици во земјата поврзани со пандемијата и борбата против сиромаштијата.
Во четврток, 13 мај 2021 година, папата Фрањо во Ватикан на аудиенција го прими аргентинскиот претседател Алберто Фернандез. По средбата со Папата аргентиснкиот претседател се сретна и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите, надбискупот Пол Ричард Галагер.
Во соопштението за печат на прес-службата на Светиот Престол се наведува дека за време на срдечниот разговор биле истакнати добрите билатерални односи и намерата за понатамошно унапредување на соработката во области од заеднички интерес. Покрај тоа, соговорниците се осврнале на состојбата во земјата, разговарале за теми како што се надминување на пандемијата, финансиската и економска криза и борбата против сиромаштијата, нагласувајќи го во овој контекст важниот придонес, кој Католичката црква го даде и продолжува да го дава. На крајот, беа споменати и некои регионални и меѓународни теми.
Ватикан њуз/к.мк