Папата: Војните и климатските промени се пречки за борбата против гладот

Папата: Војните и климатските промени се пречки за борбата против гладот

Обезбедете го не само неопходното производство и праведната распределба на добрата, туку пред сè „правото на секој човек да се храни според своите потреби“, рече папата Фрањо по повод отворањето на прославата на Светскиот ден на храната во седиштето на ФАО, во Рим, на 16 октомври 2017 година.

Овогодинешната тема е: „Промени ја иднината на миграцијата. Вложување во сигурност на храната и во руралниот развој“, затоа Светиот Отец ја поттикна меѓународната заедница на „добра волја“ и на „дијалог“ за да запрат конфликтите и целосно да се ангажира за разоружување, бидејќи е возможно да се запре употребата на оружјето за масовно уништување.

Друга пречка на светската рамнотежа, рече Папата се климатските промени и истакна дека некои земји се одвојуваат од Парискиот договор за климата кој е еден од правните инструменти на меѓународната заедница и наместо да се развива повторно се појавува непочитување на екосистемите, манипулирање и контролирање на ограничените ресурси на планетата, алчност и профит.

Борбата против гладот не треба да биде претставена како неизлечлива болест врзана со миграцијата. Потребен е светски сојуз за миграциите да се случуваат на побезбеден и уреден начин на што работат Обединетите нации и што бара координирано и систематско делување на владите така што целта на таа борба да биде средба на народите, а не исклучување и ранување, истакна Светиот Отец.

Продолжувајќи, праша зошто во меѓународната соработка не може да се воведе „категорија љубов“, зошто евангелското начело не стане „начело на хуманоста“ во јазикот на меѓународните односи и додаде дека дипломатијата и мултилатералните институции треба да ја негуваат способноста за љубов, бидејќи тоа е главниот пат кој ја гарантира не само безбедноста на храната, туку и целокупната безбедноста на луѓето.

Не може да се подели човечкото семејство помеѓу оние кои имаат премногу и оние на кои им недостасува она основното, рече Папата и го повтори податокот кој го наведе главниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва, дека денес во светот имаме 740 милиони мигранти, и поттикна тој јарем на сиромаштво да се решава со превенцијата на развојни проекти кои создаваат нови работни места и способност да се соочуваме со климатските промени и еколошките кризи.

На крајот Светиот Отец рече дека не смее да се одземаат обработливите површини на народите, препуштајќи големите да остваруваат профит во соработка можеби дури и со оние кои треба да ги штитат интересите на народот. Треба да се бориме против поединечни групи кои работат на корумпиран и незаконски начин и во тоа треба да учествува и Католичката црква, за да се постигне доброто на целото човечко семејство.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот