Папата: Воскресението е темелот на христијанскиот живот

Папата: Воскресението е темелот на христијанскиот живот

Воскресението е темелот на христијанскиот живот! Без ознаката Рај и вечен живот христијанството ќе се сведе на обична етика и животна филозофија – рече Папата во својот пладневен наговот на 6 ноември 2016 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

На почетокот на својот денешен пладневен наговор Светиот Отец потсети на литургиските читање во оваа недела кои нѐ повикуваат на размислување за тајната на воскресението од мртвите. Евангелието ни го претставува Исус кој се соочува со некои садукеи кои не верувале во воскресение, туку односот со Бог го сфаќале само во рамките на земската реалност. Нивниот апсурден и смешен пример за жената и седумте браќа од кои со ниту еден од нив не стекнува потомство е вовед во злобното прашање поставено на Исус: чија ќе биде таа жена по воскресението?

Исус ја изразува вистината за милосрдието и укажува на разликата помеѓу овој и идниот живот. Не е можно категорија од овој свет да се примени надвор од реалноста која го надминува она што го гледаме во овој живот. Тој им вели синовите од овој век се женат и мажат; но оние што ќе се удостојат да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат (ред 34-35). Папата ја толкува мислата на Исус со овоземскиот живот како провизорен, привремен, кој има свој свршеток. По воскресението спротивно на тоа смртта повеќе нема да биде на хоризонтот и ќе живееме потполно па и човечките односи на божествено ниво, на преобразен начин. Во таа смисла и бракот како овоземски знак и средство на љубовта, ќе блесне преобразен во полно светло, во славното единство со Светиите во Рајот.

Папата напомена дека синовите на воскресението не се само мал број и привилегирани, туку се сите луѓе затоа што спасението кое Исус ни го донесува е упатено до секој од нас. Светиот Отец понатаму објаснува дека живот сличен оној на ангелскиот целосно е потопен во Божјата светлина и е посветен на Неговата слава, не е само „едноставно воскресение од мртвите“, туку ново раѓање за живот кој веќе го вкусуваме денес. Тоа е победата над ништожноста која исто така можеме да ја вкусиме – кречеажа папата Фрањо.

Воскресението е темелот на христијанскиот живот! Без ознаките за Рајот и вечниот живот христијанството ќе се сведе на обична етика и животна филозофија. А пораката на христијанската вера доаѓа од Бог и го надминува овој свет. Во таа смисла – смета Папата – верата во воскресението е од централно значење, за нашите дела не би биле цел самите за себе, туку би станале семе одредено да расте во Божјата градина и така да даваат вечен плод – рече папата Фрањо, повикувајќи ја на помош Марија, Царица на Небото и земјата, како зборовите кои Нејзиниот Син ни ги посеа во срцата, би вродиле со добри дела.

После пладневната молитва, папата Фрањо упати апел затворските услови да се подобрат, за да одговараат повеќе на човечкото достоинство на затворениците, во целиот свет. Поттикна, исто така, да се размислува за потребата од казнен закон, во смисла тој да не биде исклучиво „казнен“, туку да биде отворен за надеж и евентуално повторно вклучување во човечкото општество. Посебно ја предложи на компетентните граѓански власти можноста – во оваа Година на милосрдие – да направат дело на помилување кон оние затвореници кои би се сметале соодветни за такво нешто.

Папата потсети на тоа дека пред два дена на сила стапи Парискиот договор, што покажува чекор напред во зачувувањето на Земјата (спор. Laudato si’, 13), економијата да се стави во служба на луѓето, па така да се градат правдата и мирот. Утре пак во Мароко, започнува нова седница за климата, која се грижи и за примената на Договорот. Изрази надеж дека сè ова ќе се води од совеста на нашата одговорност за заеднички дом.

Потсетувајќи на вчерашната беатификација на 38-те маченици, во Албанија, жртви на режимскиот прогон во таа земја, во минатиот век, Светиот Отец истакна како мачениците храбро поднеле затвор, мачење, па на крајот и самата смрт, за да останат верни на Христос и Црквата. Нека нивниот пример ни помогне во моментите на искушение, да пронајдеме сила во Господ и во нас да се разбуди став на добрина, простување и мир.

После поздравот на различните групи на поклоници, Папата присутните ги отпушти на својот вообичаен начин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот