Папата: Бог секогаш прв нѐ љуби, бара, очекува…

Папата: Бог секогаш прв нѐ љуби, бара, очекува…

Во својот неделен наговор на 11 јуни 2017 година  од прозорецот на Апостолската палата во Ватикан, Папата рече дека Бог секогаш прв нѐ бара; Тој прв нѐ очекува и нѐ љуби, пред ние да почнеме да го љубиме Него. Бог целосно и единствено е Љубов.

Го пренесуваме во целот неделниот наговорот на папата Фрањо:

Драги браќа и сестри, добар ден!

Библиските читања оваа недела, на празникот на Пресветата Троица, ни помагаат да влеземе во таинството на Божјот идентитет. Второто читање ги претставува поздравните зборови кои Павле ги упатува на заедницата во Коринт: „Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека бидат со сите вас.“ (2 Кор 13, 13). Овој „благослов на апостолот“ е резултат на неговото лично искуство на Божјата љубов, љубов која ја му ја открива воскреснатиот Христос и која му го променува животот и го „поттикнува“ да го донесе Евангелието на поганите. „Радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, живејте во мир“ (ред 11). Христијанската заедница, и покрај сите свои човечки ограничувања, може да стане одраз на заедништвото на Пресветата Троица, на таа добрина и убавина. Но, ова – како што и самиот Павле сведочи – зависи од искуството на Божјата милост, неговата прошка.

И „тоа им се случува на Евреите при излегувањето (од Египет). Кога луѓето го раскинале сојузот, Бог му се јавува на Мојсеј, за да го обнови тој сојуз, прогласувајќи го своето име и неговото значење: „Господ, Господ, Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински“ (2 Мој 24, 6). Тоа име изразува дека Бог не е далеку и затворен во себе, туку е Живот кој сака да се соопшти; отвореност, Љубов која го откупува човекот од неверноста. Бог е „милосрден“, „милостив“ и „богат со добрина“, затоа што ни се нуди да ги надминеме своите граници и недостатоци, за да ни се простат грешките, да нѐ врати на патот на праведоста и вистината. Ова Божјо откровение, своето исполнување го наоѓа во Новиот завет, благодарение на Христовите зборови и неговото послание за спасение. Исус ни го покажува Божјото лице, еден во суштина, а троичен во личностите, Бог е целосно и само Љубов, во сооднос кој сѐ создава, откупува и посветува: Отецот, Синот и Светиот Дух.

А денешното Евангелие, „на сцена го става“ Никодим, кој – иако имајќи важно место во верската и општествената заедница – продолжува да го бара Бог. Не мислел: „Пристигнав“; не, не престанал да го бара Бог. Сега го запазува одекот на неговиот глас во Исус. Во ноќниот дијалог со Назареецот Никодим конечно сфаќа дека Бог веќе го барал и очекувал; дека лично го сака. Бог секогаш прв нѐ бара нас; нѐ очекува; прв нѐ сака. Како цветот на бадемот – вели пророкот – прв цвета! Исус всушност вака му говори: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен“ (Ив 3, 16) Што е тоа живот вечен? Тоа е неизмерна и бесплатна љубов на Отецот која Исус ни ја дарува на крстот, принесувајќи го, за нашето спасение, својот живот. Таа љубов со делувањето на Светиот Дух заблеска со нова светлина на земјата и во секое човечко срце кое го прима; светлина која ги открива мрачните ќошиња, тврдоста која нѐ спречува во донесувањето на добрите плодови на љубов и милосрдие. Нека Дева Марија ни помогне секогаш длабоко да влегуваме, со целото свое битие, во троиственото заедништво, за да ја живееме и сведочиме љубовта која му дава смисла на постоењето.

По Ангел Господов

Драги браќа и сестри,

Вчера во Ла Специја за блажена е прогласена Итала Мела. Пораснала во семејство, далеку од верата, во младоста се изјаснува како атеистка, но после интезивното духовно искуство се преобраќа. Работи помеѓу католиците на универзитет; по што станала бенедиктинка облатка и го поминува мистичниот пат насочен на таинството на Пресветата Троица, која денес ја славиме на посебен начин. Сведоштвото на новата блажена нека нѐ охрабри во нашите денови, често своите мисли да ги упатуваме на Бог Отецот, Синот и Светиот Дух кој престојува во келијата на нашето срце.

Ве поздравувам сите вас, драги Римјани и поклоници: парохиски заедници, семејства, здруженија. Посебно ги поздравувам верниците од Монпелје, од Корзика и Малта; и од Италија, верниците од Падова и Нурбел и делата од Сасуло. Посебна мисла (упатувам) до заедницата од Боливија која живее во Рим и ја слави Пресвета Богородица Капакабана. На сите ви посакувам добра недела. И ве молам не заборавајте да се молете за мене. Добар апетит и до гледање!

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот