Пакистан: Меѓурелигиски собир по повод повторното отворање на Црквите

Пакистан: Меѓурелигиски собир по повод повторното отворање на Црквите

По повод повторното отворање на Црквите во Пакистан надбискупот на Лахоре, Себастијан Шау во неделата на 16 август приреди меѓурелигиски собир пред катедралата Срце Исусово, порачувајќи „Обединети сме и во тешките времиња на коронавирусот“.

Надбискупот Шау најави уште на 31 јули дека црквите во Панџаб повторно ќе се отворат на средината на август со свеченост по повод Денот на независноста 14 август и празникот Успение на Пресвета Богородица 15 август. Исто така ги повика верниците строго да се придржуваат до епидемиолошките мерки и најави дека светите Литургии ќе бидат кратки со учество на пропишаниот број на верници за да се овозможи безбедносното растојание, но во текот на денот ќе има повеќе свети Литургии за да може да учествуваат сите кои сакаат.

Минатата седмица пакистанските власти ублажија многу безбедносни мерки меѓу нив и ограничувањето на верските собири. Така во катедралата во Лахоре во саботата свечено е прославено Успението на Пресвета Богородица, а следниот ден надбискупот Шау организираше свеченост на која покани претставници од сите религии во Панџаб. (…)

Црквите во Пакистан се затворени за верски собири од 15 март и пред воведувањето на мерките. (…)

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот