О. Ломбарди: Папата оди во Африка како гласник на мирот и помирувањето

Папа Фрањо доаѓа во Африка како гласник на мирот и помирувањето – рече о. Федерико Ломбарди за време на брифингот за престојното патување на Светиот Отец во Кенија, Уганда и Централна Африканска Република од 25 – 30 ноември. Тоа е 11. Меѓународно патување на папата Фрањо и прво во Африка, а ќе бидат исткнати темитите за мирот, меѓурелигиски дијалог и сведоштва на христијански маченици.

Африка стана протаганист – исткна о. Ломбарди на брифингот во Канцеларијата за печат на Светиот Престол, потсетувајќи дека свеи Иван Павле II посети 42 африкански држави, речеси сите на континентот. Во Кенија ќе биде истакнат папскиот говор на агенцијата на Обединетите нации за животната средина и престој. Значајна ќе биде и посетата на сиромашниот кварт во Наироби. Таму ќе одржи говор кој е во континуитет со говорот на народното движење во Боливија, а после тоа ќе се сретне со младите.

Во петок, 27 ноември, Папата ќе замине за Уганда, каде што централниот настан ќе биде света Литургија за мачениците во таа држава, после што ќе го посети каритативниот центар во Налуколонг, кој го водат Исусовците. О. Ломбарди потсети дека во Уганда се активни 288 здраствени установи кои ги води Католичката Црква.

На крајот, 29и ноември Светиот Отец ќе ја посети Централноафриканската Република, каде што ќе упати силна порака за мирот – почнувајќи од посетата на бегалскиот логор и една католичка парохија, каде што се згрижени повеќе од 2000 раселени луѓе. Знаеме дека Папата доаѓа во таа држава за да искаже близина на народот кој страда поради судирите и тензиите – нагалси о. Федерико Ломбарди. Додаде дека и покрај насилството во таа земја, папамобилот нема да биде покриен со блиндирано стакло за да може Папата да има директен контакт со народот. Папата, исто така во таа прилика нема да носи заштитен елек.

Посебно важна ќе биде средбата со тамошната муслиманска заедница, во централната џамија на градот Бангај. Папата го цени меѓурелигискиот дијалог кој таму се одвива, а неговите протагонисти во надбископут гледаат еден евангелски пастир и еден имам. Централниот настан ќе биде света Литургија во катедралата, каде што Светиот Отец ќе ги отвори светите врати за Јубилејот на милосрдието.

Одговравајќи на прашања на новинарите, о. Ломбарди нагласи дека пораката на мирот и помирувањето за африканското патување не е променета, туку е зајакната после трагичните напади во Париз. Истакна дека ништо не се менува што се однесува на патувањето на Папата во Централноафриканска Република.

За време на патувањето, Папата ќе има 19 говори: 14 на италијански, 2 на англиски, 2 на шпански и 1 на француски. О. Ломбарди напомена дека кардинал Пиетро Паролин ќе го придружува Папата на патувањето во Кенија и Уганда, но не и во Централноафриканска Република затоа што е задолжен да го претставува Светиот Престол на конференција за клима во Париз.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот