Отец Ломбарди го претстави патувањето на Папата во Ерменија

Сè поблиску е почетокот на 14. апостолско патување на папа Фрањо. Светиот Отец од 24 до 26 јуни ќе биде во Ерменија, што ќе биде прв дел од големото патување во Кавказ, кога во септември ќе ги посети Грузија и Азербејџан. Најважните моменти од патувањето во Ерменија, под мотото „Патување во првата христијанска земја“, во Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 21 јуни ги претстави нејзиниот директор отец Федерико Ломбарди.

Света Мајко Божја, насочи го својот поглед кон ерменската земја – отец Ломбарди ја започна прес-конференцијата со молитва на свети Иван Павле II, за да истакне колку на католиците од целиот свет им е мила оваа кавкаска земја, која како врв на евангелизациското делување на Гргур Просветителот, прва во 301 година после Христос, го прифатила христијанството како службена религија. Со еднакви чувства папа Фрањо оди да ја прегрне со длабока вера, со желба за мир и трпение на целиот народ, чиј поголем дел живее надвор од татковината. Ерменија денес има 3.3 милиони жители.

Меѓу важните моменти на Папското патување, освен средбите со граѓанските и верските власти, отец Ломбарди ја истакна посетата на Меморијалниот центар Цицернакаберд, во спомен на крвопролевањето на 1,5 милиони Ерменци од 1915 година. Одговарајќи на новинарите на прашањето за употребата на изразот „геноцид“ или „medz yeghern“ (големо зло), отец Ломбарди рече дека никој не оспорува дека било крвопролевање, но истакна – не сакаме за тоа да водиме политочко-социолошки дискусии. Тоа е голема трагедија, знам за што говорам. Користен е изразот „medz yegher“, збор кој го употребуваат моите браќа Ерменци и мислам дека многу добро знаеме на што се однесува – рече о. Ломбарди.

Гостин во Канцеларијата за печат беше монс. Антонио Ајвазин, од Ерменската католичка Црква во Сирија, ко, меѓуосатнатите, рече дека ова Папско патување е убава можност граѓанскиот свет, а особено самиот ерменски народ да види дека Светиот Отец е близок кон овој народ, кој многу претрпел. Вековното трпение на ерменскиот народ е длабоко во срцето на Светиот Отец – ситакна монс. Ајвазин.

Што се однесува за верските реалност во Ерменија, монсињорот истакна дека не може да постои Ерменец кој се изјаснува таков, а да го нема христијанството како „диплома“ впишана во крвта, во својата генетика, затоа што христијанството е силно вкоренето во умот и психологијата на Ерменците. Поради тоа сме имале милиони маченици – истакна монс. Ајвазин и додаде дека во Ерменија војните секогаш биле насочувани кон зачувување на христијанската вера.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот