Општи услови за користење

Општите услови за користење (Правилникот) ги одредуваат правилата на користење на содржините и услугите на порталот Католици.мк. Со користењето на порталот и неговите услуги во целосност ги прифаќате овие услови за користење и имате обврска да ги почитувате. Сопственикот на порталот може да го промени Правилникот во било кое време, со објавување на оваа страна. За промените на условите за користење, сопственикот не е должен да ги информира корисниците на порталот. Доколку продолжите со користење на порталот, тоа значи дека се сложувате со содржината на последната ревизија на Правилникот.

  1. СОДРЖИНА НА ПОРТАЛОТ

Целокупната содржина на порталот, вклучувајќи текст, графика, слики, логотипи, икони, софтвер и други содржини се во сопственост на Католици.мк, на нашите партнери или авторите на содржините. Забрането е продавање или надградба на содржините на порталот Католици.мк без писмена дозвола од авторот или овластено лице. Забрането е делумно или целосно копирање, репродукција, објавување, менување, додавање, печатење и дистрибуција на содржините на порталот Католици.мк. Неовластеното копирање на содржините на порталот Католици.мк претставува кршење на авторското право и на други закони.

На корисниците им е дозволено да ја употребуваат и пребаруваат содржината на порталот Католици.мк, додека не се кршат авторките права. Дозволено е преземање и печатење на материјали и информации од порталот за гледање и читање во некомерцијални цели. Авторите и Католици.мк не одговараат за било какви негативни последици поради употребата на содржините на порталот Католици.мк. Во случај на неовластени објавувања на авторски содржини на порталот, авторот е должен да не информира на нашата е-пошта katolici.mk@gmail.com. Во рок од 24 часа од предупредувањето, објавата ќе биде избришана од порталот.

Заедно со авторите на содржините на порталот се грижиме за точност, ажурност и целосност на податоците и содржината на порталот. Не превземаме никаква одговорност доколку податоците не се точни, потполни или ажурирани.

  1. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ

Порталот Католици.мк е наменет за поединци кои бараат информации поврзани со животот на Црквата во Македонија и светот. Нашите социјални мрежи се јавни и достапни за секој кој сака да го каже и размени својот став и искуство со другите корисници, или само да ги пребарува саканите информации.

На корисниците на форумите и социјалните мрежи исто така им се забранети работи кои можат да влијаат врз човековото достоинство, да промовираат расна, сексуална или етничка дискриминација и верска или политичка нетрпеливост и дела и содржини штетни по здравјето и безбедноста на луѓето, животната средината и културното наследство, навреди поврзани со верски или политички убедувања или дела и содржини штетни за другите корисници на порталот Католици.мк.

Исто така, забрането е огласување на порталот и социјалните мрежи.

Католици.мк го задржува правото на корисникот да му забрани пристап или да го блокира на социјалните мрежи на порталот Католици.мк, доколку потврди или се сомнева дека корисникот прекршил било кој од наведените забрани или на било кој друг начин постапил спротивно одредбите од овој правилник.

  1. ПРИСТАП

Порталот Католици.мк ќе се труди на корисниците да им овозможи употреба на порталот без прекини – под нормални услови 24 часа дневно, секој ден во годината. Поради технички причини, за одржување или промени на хардверот или софтверот може да дојде до краток прекин во работата на порталот или пречки во пристапот. Во случај на поголеми промени на системот го задржуваме правото да дојде до поголем прекин на активност на порталот.

  1. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА КОРИСНИКОТ

Порталот Католици.мк се обврзува да ја штити приватноста на своите корисници. Се обврзуваме при евентуална обработка на податоците да ги чуваме сите податоци и при употребата на истите нема да бидат прекршени правилата на Законот за заштита на лични податоци. Сите тие податоци се користат исклучиво за статистички цели.

  1. ЛИНКОВИ НА ДРУГИ СТРАНИ  

Во содржината на порталот Католици.мк се наоѓаат и линкови од надворешни веб страни кои не се одржуваат од страна на сопственикот на порталот и неговиот администратор. На тие страни немаме влијание и не одговараме за нивната содржина, политика за безбедност и друго.

  1. ОДГОВОРНОСТ НА ПОРТАЛОТ КАТОЛИЦИ.МК

Порталот Католици.мк не одговара за:

Негативни ефекти од содржините на порталот и за исправноста, точноста и ажурноста на информациите;

Секое оштетување или губење на податоци при користење на порталот Католици.мк;

Можни штети на програмската или компјутерска опрема при користење на порталот Католици.мк;

Секој вид на дискриминација или вознемирување на корисниците на Католици.мк од страна на други корисници;

Лоши перформанси, недостапност или ограничено функционирање на порталот Католици.мк поради пречки на интернет мрежата;

Недостапност или ограничена функционалност на порталот Католици.мк предизвикана од повеќе фактори;

Губење на работна добивка или работна штета која може да настане или настанала како резултат на погрешно прикажување на порталот Католици.мк;

Неточни податоци на корисникот кои се објавени на порталот Католици.мк;

Потенцијални незаконски активности на корисниците на порталот Католици.мк;

Собирање и/или чување на информации за корисниците од страна на други корисници на порталот Католици.мк;

  1. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ

За решавање на сите спорови надлежен е судот во Струмица. Сите коментари и прашања поврзани со употреба на порталот Каолици.мк можете да ги пратите на е–адресата: katolici.mk@gmail.com

Категорија: Uncategorized

За авторот