Од проповедта на Папата: „Сатаната сака да го уништи човекот во името на лажниот хуманизам“
Сатаната ги претставува работите добри, „но неговата намера е да го уништи човекот, па дури и во името на хуманизмот.“ Но, ангелите се борат против ѓаволот бранејќи нè нас, рече папата Фрањо на светата Литургија на 29 септември во домот Света Марта, на денот кога Црквата си спомнува на светите архангели Михаил, Гаврил и Рафаил.
Денешните читања ни даваат силна слика: визија на Божјата слава (Дан 7, 9-10; 13-14), зборовите на пророкот Даниил, сликата на Синот Човечки Исус Христос пред Отецот; борбата на аранхангелот Михаил и неговите ангели против „големиот змев, старата змија, наречена ѓавол“ која ја заведува целата вселена, но на крајот беше соборен на земјата, како што стои во Откровението (Откр. 12, 7-12) и Евангелието во кое Исус му кажува на Натанаил: „отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегнуваат над Синот Човечки“ (Ив 1, 47-51). Папата Фрањо зборуваше за борбата помеѓу демонот и Бог.“
Борбата се случува откако сатаната се обидува да ја уништи жената која ќе роди Син. Сатаната секогаш се обидува да го уништи човекот: оној човек кој Даниил го видел во славата и за кој Исус му кажал на Натанаил дека ќе дојде во славата. Од самиот почеток на Библијата се зборува за тоа: за сатанското заведување заради уништување (1Мој 3,1). Од чиста завист. Читаме во Псалмот 8: Си го направил малку помал од ангелите: високата интелигенција на ангелите не можела да се носи со тоа понижување, едно ниско создание да биде направено големо; и затоа се обидува да го уништи.
Сатаната се обидува да го уништи човештвото, сите нас: „Многу проекти, освен самите гревови, многу, многу проекти за дехуманизација на човекот се сатанско дело, од чиста омраза кон човекот. Тој е лукав, стои на првите страници во Битието: лукав е. Ги претставува работите како да се добри. Но, неговата намера е да уништи. А ангелите нè бранат. Го бранат човекот и го бранат Богочовекот, највозвишениот Човек Исус Христос, Кој е совршенството во човештвото, најсовршеното. Затоа Црквата ги почитува ангелите, бидејќи тие ќе бидат во Божјата слава, тие се во Божјата слава, бидејќи го бранат големото сокриено Божјо таинство, Словото кое стана Тело.“
„Задачата на Божјиот народ“, рече Папата е да го чува човекот, човекот Исус бидејќи „тој е човекот кој дава живот на сите луѓе.“ Од друга страна, сатаната преку своите деструктивни проекти, измислуива „хуманистички“ аргументи кои во својата суштина се насочени против човекот, против човештвото и против Бог, истакнува Папата и продолжува:
Борбата е реалноста во секојдневниот христијански живот, во нашето срце, во нашиот живот, во нашето семејство, во нашиот народ, во нашите цркви… Ако не се бориме ќе бидеме победени. Господ ова задача им ја дал во прв ред на ангелите: да се борат и победат. Прекрасна е завршната песна на Апокалипсата, по борбата: „Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе.“
Папата на крајот повикува да се молиме до арангелите Михаил, Гаврил и Рафаил и „и да да ја молиме таа стара и прекрасна молитва до архангелот Михаил да продолжи да се бори за да го одбрани најголемото таинство на човештвото: фактот дека Словото стана Човек и дека умре и воскресна. Тоа е нашето богатство. Тој нека продолжи да се бори за да го сочува.“
РВ/Д.И.