Од проповедта на Папата: Радоста на Црквата е да ги бара изгубените овци

Радоста на Црквата е во нејзиното мајчинство; да оди и да ги бара изгубените овци – истакна папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта во вторникот 9 декември. Црквата не користи ако има совршен организациски план и не е како мајка. Затоа сме повикани да бидеме радосни христијани со „утехата на Исусовата нежност“.

Зборувајќи за навестувањето на пророкот Исаија за свршетокот на вавилонското прогонство, Папата истакна дека присуството Господово го теши Неговиот народ; утеха му е и во неволјата. Ние сепак често бегаме од утехата, недоверливи сме и ни се пријатни нашите недостатоци и гревови. Тоа е „нашата земја“. Спротивно на тоа е утехата на Светиот Дух, Кој насекаде нè води и која не можеме да ја контролираме: „тоа е вистинско препуштање на Господовата утеха“, објасни Светиот Отец и продолжи:

„Најсилна утеха е милосрдието и простувањето“, како кога Господ во книгата на пророкот Јeзекиил по „пописот на многуте гревови на народот“ вели „но јас не ги напуштам… ова ќе биде мојата освета: утехата и простувањето. Таков е нашиот Бог.“ Заради тоа е добро да се повтори – додаде Папата: „Дозволете Господ да ве теши, Он е единствен Кој може да нè утеши“, дури и ако сме навикнале на малите, малобројните наши утехи, кои подоцна се бескорисни.

„Кога човекот е утешен, кога ќе го почувствува Господовото милосрдие и простување, Црквата слави; радосна е кога излегува самата од себе“, како пастирот од денешниот евангелски дел кој оди да ја бара изгубената овца. „Можел да направи сметка како добар трговец: ако од деведест и девете се изгуби една, нема проблем. (Со таков сооднос на добивката и загуба) е добро можеме со тоа да одиме напред.“ Меѓутоа, пастирот оди и ја бара изгубената, а кога ќе ја пронајде се радува. „радоста на излегувањето за да се бараат браќата и сестрите кои се далеку: тоа е радоста на Црквата. Во тоа Црквата станува мајка, станува плодна“, рече папата Фрањо.

 Меѓутоа, кога Црквата не постапува така; кога ќе се затвори во себе – дури и да е добро организирана, со совршен план, тогаш и недостасува радоста, мирот и „станува недоверлива, вознемирана, тажна Црква која е слична на неомажена „стара девојка“ отколку на мајка; а таква Црква не е потребна, таа е музејска Црква. Радоста на Црквата е во раѓањето, во излегувањето од себе за да даде живот, излегување и барање на изгубените овци; радоста на Црквата е пастирската нежност, мајчинската нежност“, рече Светиот Отец.

„Нека Господ ни подели милост“ – додаде Папата – „да бидеме радосни христијани во плодноста на мајката Црква и да внимаваме да не паднеме во став на тажни христијани… кои имаат сè совршено во црквата, но немаат „деца“. Нека Господ нè утеши“ со Исусовото милосрдие во простувањето на нашите гревови, истакна на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот