Од проповедта на Папата: Молитвата е борба со Бог

Молитвата е борба со Бог, а треба да биде упорна и слободна, како разговор со некој пријател. Таквата молитва го менува нашето срце, затоа што преку неа подобро спознаваме каков е навистина Бог; тоа е суштината на проповедта на папата на светата Литургија на 3 април во капелата на домот Света Марта.

Папата во проповедта говореше за разговорот на Мојсеј со Бог на планината Синај. Бог сака да го казни својот народ затоа што се поклонува на златно теле. Мојсеј го моли Бог да се повлече од таа намера: неговата молитва е вистинска борба со Бог. Борба на народниот водач да го спаси својот односно Божјиот народ.

Мојсеј пред Бог слободно зборува, а нас нѐ учи дека треба да молиме без страв, слободно и упорно. Мојсеј е упорен и храбар. Молитвата треба да биде и „преговарање со Бог“, поткрепено со докази. Мојсеј на крајот го уверува Бог, а Писмото вели: И Господ се смилува и не му направи зло на народот Свој, како што беше ветил.“ Кој се променил во овој случај; дали се променил Бог? – праша Папата одговарајќи: Верувам дека не.“

Се променил Мојсеј верувал дека Господ ќе го казни народот, дека Бог ќе го уништи, а во своето сеќавање барал показатели дека Бог бил добар спрема својот народ: го извел од египетското ропство и го водел кон ветувањето. Со тие образложенија Мојсеј настојувал да го увери Бог, а во него повторно да го открие сеќавањето на народот и Божјото милосрдие. Мојсеј се плашел дека Бог ќе го уништи народот, а од планината слегнувал со променото срце: Милосрден е нашиот Бог! Знае да простува. Се откажува од своите накани. Бог е Отец – објасни Папата.

Мојсеј сето тоа го знаел – продолжи Папата – повеќе-помалку нејсно, но во молитвата сѐ му станало јасно. Молитвата го менува нашето срце. Молејќи подобро го сфаќаме својот Бог, затоа е важно да разговараме со Бог, но не со празни зборови – Исус вели – како што тоа го прават паганите, туку искрено да зборуваме: Погледни Господи имам проблем во семејството, со синот, со овој, со оној… Што може да се направи? Погледни затоа што не можеш така да ме оставиш… Тоа е молитва – истакна папата Фрањо.

Но, колку време одзема таквата молитва? Многу. Потребно е време за Бог подобро да се запознае, како што се прави со пријател, затоа што Мојсеј – вели Светото Писмо – разговарал со Бог како што пријател разговара со пријател. Библијата вели дека Мојсеј лице во лице разговарал со Бог, како со некој пријател. Таква треба да биде молитвата: слободна, постојана, разумна.

Па дури Господ и помалку да го укоруваме: Ми вети, а не си направил… така, како што се зборува со пријател. Таквата молитва треба да го отвори срцето. Мојсеј од планината се симнал зајакнат: подобро го запознал Бог; го зајакнала молитвата, повторно се ставил на чело на народот за да го води кон Ветената Земја. Молитвата зајакнува. Нека Бог на сите ни подели милост, затоа што молитвата е милост – истакна Папата.

Во секоја молитва е Светиот Дух – потсети Папата – без Светиот Дух не може да се моли. Тој моли во нас, Тој го менува нашето срце, нѐ учи да му кажеме на Бог „Оче“. Да го молиме Светиот Дух да нѐ научи да молиме како што молел Мојсеј, слободно и храбро да преговараме со Бог. Светиот Дух е секогаш присутен во нашата молитва, Тој нѐ води на тој пат – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот