Од проповедта на Папата: Дали дозволуваме Бог да нè следи во нашиот живот?

Разгледувајќи го настанот за Марија, да се запрашаме, дали дозволуваме Бог да оди до нас низ животот – праша папата Фрањо, славејќи Литургија на 8 септември во домот Света Марта, на празникот Раѓање на Богородица – Мала Богородица. Бог се наоѓа во големите работи – нагласи Папата – но и во малите и има „трпение“ да оди со нас иако сме грешници.

Кога ја читаме книгата Битие, „постои опасноста за Бог да размислуваме како за магионичар“, Кој создава со маѓично стапче“. Но, Бог не е магионичар, туку Створител – истакна Папата. „Бог ги создал сите работи и дава да се развиваат по внатрешниот закон, законот кој го дал на секое создание за да достигне до полнината.“ Бог „на просторот дава автономија но, не и независност“ – рече Папата.

Создавајќи го човекот, Бог му дава сопствена автономија во слободата – но ниту тоа не е независност од Створителот. А бидејќи е слободен човекот е одговорен за создаденото, нему му е доверено да има власт над нив. Полнината до која што секое создание треба да достигне е она во Исус Христос, сообразен со Синот Божји.

Човекот злоупотребувајќи ја својата слобода ја изгуби изворната милост; истеран е од земскиот рај, но со надеж. „Грешник, но со надеж“ дека на својот пат „нема да биде сам“ туку дека Бог ќе оди со него. Бог одлучи – за сите времиња, а не само за моментот – да оди со Своите деца, „до полнината на времето“, кога Синот стана човек. Бог „оди со праведниците и грешниците, со сите за да дојдат до конечната средба со Него“, објасни Светиот Отец.

Евангелието на завршетокот на ова историја ја става „малата работа во мало место.“ Бог ја завршува ова голема приказна со „мала приказна“. Јосиф и Марија бидејќи „сака да го придружува животниот пат на сите нас.“ Така Бог е во големите но и во малите работи. Во Божјото одење со нас се гледа „Божјото трпение“ кое го има за сите генерации. Со сите луѓе, чија историја на милости и гревови ја познава. Бог има трпение. Бог нè следи во нашето одење бидејќи сака сите да достигнеме до сличноста на Неговиот Син. Од моментот кога на создаденото му ја дава слободата до денес, не престанува да нè следи“ – истакна Папата.

Денес можеме да ја гледаме Богородица, света, без грев, чиста; избрана да стане Мајка Божја. Можеме да ја гледаме нејзината приказна и животното одење и да се запрашаме: Како се развива мојата приказна? Дозволувам ли Бог да ме следи на мојот животен пат или сакам да одам сам? Дозволувам ли да ме доведе до средба со Исус Христос?“ Тоа е целта на целиот пат… Да му благодариме на Господ за Неговото трпение со нас додека нè следи и што конечно ни дава мир кој доаѓа само од Него– рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот