Одржан Консулторски совет на Струмичко – скопската епархија

Одржан Консулторски совет на Струмичко – скопската епархија

На 8 јули 2020 година во епископската резиденција во Скопје се одржа Консулторски совет на Струмичко – скопската епархија „Успение на Пресвета Богородица“. Со Консулторскиот совет претседаваше монс. д-р Киро Стојанов.

На советот се разговараше за пасторалните предизвици во време на пандемијата со коронавирусот. Епископот Стојанов заблагодари за почитувањето на мерките за заштита од корнавирусот и препорача и понатаму доследно и стриктно да се почитуваат упатствата и препораките на надлежните институции.

Во продолжение на состанокот стана збор и за други актуелни прашања и теми од пасторално организациска природа.

Состанокот заврши со заедништво и агапе на кое се придружи и дон Давор Топиќ. Во таа прилика монс. Киро Стојанов се заблагодари за неговата пожртвуваност во изминатите седум години во Скопската парохија и му посака благослов за неговата нова служба во Босна и Херцеговина, подарувајќи му скромен подарок во знак на сеќавање на неговата служба во Македонија.

Исто така и о. Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“ при Струмичко – скопската епархија се заблагодари на дон Давор за неговата пожртвуваност и во име на сите свештениците му предаде скромен подарок.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот