Организацискиот одбор за средба „Заштита на малолетници во Црквата“ во среда 20 февруари 2019 година се сретна со група претставници на жртвите од сексуално злоставување, извести директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Алесандро Џизоти.
На состанокот кој траеше нешто повеќе од два часа учествуваа 12 лица, мажи и жени од различни делови на светот. Членовите на одборот се многу благодарни на жртвите за искреноста, длабочината и силата на сведоштвата, што сигурно ќе помогне подобро да се разбере серизноста и итноста на проблемот со кои ќе се соочат претседателите на епископските конференции овие денови
ИКА/к.мк