Одлучни во остварувањето на единство
На крајот од дијалогот со бројните групи на луѓе од различни општествени и културни подрачја на Римини, со различни цркови движења посебно вклучени во живеењето и ширењето на духовната на единството, Кјара завршила споделувајќи со сите што имала на срцето во тој момент.
Би сакала да ви кажам што ми е посебно на срцето. Сите знаеме дека овие денови живееме за (…) Мајка Тереза. Мајка Тереза беше моја голема пријателка, можеби тоа не сте го знаеле, има веќе 20 години. Ми беше блиска, длабока пријателка. Уште пред 20 години сакаше да ме запознае и дојде во Центар Маријаполи. Јас ја примив и таа ми кажа: „Раскажувај ми за твојот идеал.“ (…) И се восхитував за толку многу нешта посебно заради нејзината светост, заради нејзиното јунаштво, но најмногу заради нејзината одлучност. Чувствувам дека токму тоа морам да го учам од Мајка Тереза и да ја имам пред очи како пример: во одлучноста. Таа имаше еден идеал и никогаш не излегуваше од тој идеал. Нејзиниот идеал беше: најсиромашни меѓу сиромашните и таа никогаш не излегуваше од тоа. (…) И ние мора да се научиме на таа одлучност, тој интегритет; и ние мораме така да постапуваме. Што Бог сака од нас? Од нас Бог сака „ut omnes unum sint“ (да бидат сите едно). (…)
(Римини, 23 септември 1997 година)
Нов свет/к.мк