Објавен работниот документ за Епископската синода посветена на семејството
Црквата го поддржува и прегрнува семејството, додека си поставува прашања за актуелните проблеми и предизвици поврзани со него, за да може нејзината пасторална работа да допре до сите. Тоа се намерите изнесени во основниот работен документ (Instrumentum laboris) за III Генерална асамблеја на Вонредната епископска синода, кој е претставен во четвртокот, 26 јуни на прес-конференција во Ватикан.
Документот е плод на подготвителниот документ и на одговорите на прашалникот на 114 епископски конференции. Основниот документ е со големина од 77 страници и е насловен „Пастирските предизвици и семејството во контекст на евангелизацијата“. Документот е преведен на шест јазици и претставува синтеза на „бројните и деталните“ одговори на прашалникот за семејството, испратен од секретаријатот на Синодата минатиот ноември до сите Епископски конференции, за да се има јасна слика за идеите на верниците католици за семејството.
„Семејството е основна клетка на општеството, местото каде се учи соживот со разликите и привилегиран простор за вредностите како братството, љубовта и меѓугенерациската солидарност и исто така место каде започнува почитта кон луѓето надвор од границите на индивидуализмот, и придонесот за општото добро“, рече во изјавата кардинал Лоренцо Балдисиери, Генерален секретар на Епископската синода.
Во врска со „тешкотиите“ во пасторалната работа со семејствата, како соживотот, разводите и самохраните мајки, кардиналот Балдисиери додаде: „Итно е потребно да им се помогне на повредените луѓе, да бидат исцелени и повторно да си ја повратат довербата и спокојството. Од тоа произлегува потребата од таква пасторалната работа која може да го понуди Божјото милосрдие, кое им се нуди на сите без разлика. Тоа значи да се нуди, а не да се наметнува; да се придружува, а не да се принудува; да се повикува, а не да се отфрла“.
Секретарот на Генералната асамблејамонсињор Бруно Форте го претстави работниот документ како „одговор на реалноста“, бидејќи „не ги затвора очите пред ниту еден проблем, независно од неговата тежина. Заедно со тоа ја истакна желбата на младите да формираат семејство, кое е вистинско„изненадување“ од добиените одговори на прашалникот. „Црковната доктрина не е подложена на дискусија, туку нејзинитепасторални форми и поконкретно, начинитена кои се нуди и јазикот со кој се објаснува,тоа понекогаш крие ризик таа да не биде разбрана“, додаде Монс. Форте.
За активната улога на семејствата во евангелизација зборуваше архиепископот на Будимпешта кардинал Петер Ердо, главен известувач на Асамблејата, кој ја истакна потребата од поддршка за разведените лица за повторно да ја најдат верата: „Во погледн навраќање кон верата тие можат да се осврнат на проблемот во контекст на својот црковен живот. Нивниот однос многу личи на оние кои одат по патот на обраќањето. Овој пат е исполнет со радости и болки, но можат да бидат потпомогнати од заедницата, од пријателите и католичките семејства“.
Кардиналот Ердо објасни пред новинарите дека Синодата има многу широк поглед: од проблематиката на разводот и полигамијата во африканскиот континент до кастата во Индија и зголемениот број на самохрани мајки во Латинска Америка до мајките и татковците од Источна Европа, кои бараат работа во други земји, оставајќи го домот и малите деца. „Сите проблематики ќе бидат разгледани на Синодата, истакна кардинал Ердо.
РВ/В.Н.