Објавено мотото и логото за посетата на Папата во Перу

Објавено мотото и логото за посетата на Папата во Перу

„Обединети во надежта“ е мотото кое го објави Епископската конференција на Перу, стои напишано на логото за Апостолското патување на Папата во Перу, кое ќе се одржи од 18-21 јануари 2018 година. При тоа Папата ќе ја посети Лима, Пуерто Малдонадо и Трухило. Пред тоа од 15-18 јануари ќе се задржи во Чиле. Светиот Отец на почетокот од август упати видео порака, која ја објави кардинал Хуан Луис Кипријани Торне, надбискуп на Лима.Токму со повик за единство, поттикнат со надеж.

Трета посета

Тоа ќе биде трета посета на Петровиот наследник на Перу; Светиот Отец Иван Павле II ја посети во 1985 година и три години покасно 1998, по повод Маријанскиот евхаристиски конгрес. После 30 години следува третата посета, сега од страна  на папата Фрањо, кој од Црквата во Перу побара ново мисионерско будење, како би се зајакнала поврзаност со Бог и со луѓето. Токму затоа мотото на Папата за патувањето на Перу гласи: „Обединети во надежта“.

Елементи на логото: близина, молитва обединување

Преку логото се истакнува близината на Папата со перуанскиот народ и придружба на неговиот пат на вера, а се обрнува внимание и големото славење на надежта која ќе се добие со обединувањето. На логото потоа се истакнува сликата на папата Фрањо, врамена во границите на Перу, а покрај мотото има две раце, во боите на Перу и ватиканското знаме – црвена и жолта, отворени во став на молитва, благодарност и радост.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот