Со Мото проприо насловено „Summa Familiae Cura“, а кое носи датум од 8 септември 2017 година, се формира Папски теолошки институт Иван Павле II. за наука на бракот и семејството. Таа институција ќе го наследи Папскиот институт Иван Павле II. за студии на бракот и семејството. Свети Иван Павле II. го основа тој институт на 7 октомври 1982 година со апостолската конституција „Magnum Matrimonii sacramentum“. Новоформираниот институт ќе продолжи да ја промовира работата на последната епископска синода за семејството, како и апостолскиот поттик „Amoris Laetitia“.
Нови пасторлани предизвици
Истакнувајќи ја важната работа остварена преку институтот, формиран во светло на Синодата за семејство, која се одржа 1980 година, Светиот Отец напиша дека неодамнешната епископска синода придонесе за обновена свест за Евангелието на семејството, како и за новите пасторални предизвици, на кои христијанската заедница е повикана да даде одговор. Современите антрополошки и културолошки промени бараат разнолик и аналитички пристап, кој не може да се ограничи на пасторалната и мисионерската пракса од минатото – истакнува Папата
И овој институт како и претходниот ќе продолжи да делува како дел од Папскиот латерански универзитет. Исто така ќе биде тесно поврзан со Светиот Престол преку Конгрегацијата за католичко воспитување, Папската академија за живот и неодамна основана Дикастерија за лаици, семејство и живот. Институтот на студентите ќе им понуди курсеви со можност за добивање дипломи, магистратури и докторати за науката на бракот и семејството.
РВ/к.мк