Понекогаш Бог на животниот пат ни става личности преку кои нешто сака да ни порачa, личности со кои стануваме подобри или полоши, но исто така ни допушта свесно да паѓаме и тонеме за да знаеме, како жабата во чаша млеко, која скокајќи и трудејќи се да излезе, прави кајмак и отскокнува подалеку и многу повеќе отколку до тогаш.
Понекогаш Бог на животниот пат ни става личности по кои нешто сака да ни каже, личности со кои стануваме подобри или полоши, но исто така ни допушта свесно да паѓаме и тонеме за да знаеме, како жабата во чаша млеко, која скокајќи и трудејќи се да излезе, прави кајмак и отскокнува подалеку и многу повеќе отколку до тогаш. Ваквите ситуации и средби од нас прават посвесни и похумани луѓе кои нема да чекаат прилика некој да го осудат, туку прилика да бидат блиску до некој па макар и само со молитва.
Ми ѕвонат во ушите зборовите на нашата света сестра, старицата: „Ништо не е важно, само да сме со Бога! Сѐ во животот поминува, а сега, кога ќе влезам во својата соба, со својот стап, остануваме само Тој и јас. И што гледам, нема ништо од даровите, идеите, плановите… Остануваме Тој, мојот стап и јас.“
Навистина, колку ли мудрост во овие неколку реченици. И се запрашувам, зошто бараме нешто што е надвор од Бог? Зошто бараме некој надвор од Бог… И останува долга тишина после тоа прашање затоа што срцето нешто сака, нешто бара, а тешко знаеме да го пуштиме срцето без да го слушаме умот, исклучувајќи го дотогашното искуство па дури и совеста, сакајќи само момент на задоволство или нечие внимание.
Кревки битија сме. Понекогаш се наоѓаме сами во собата, со своите стапови на слабости и мани, но кога се завртуваме околу себе, не чувствуваме дека сме сами, дали дотогаш сме трчале кон своите обврски, желби и копнежи, а Бог не го пуштивме во својата соба, во своите два метра интима, а камо ли во просторот на срцето, помеѓу односите, семејството, грижите… го бараме ли кога ни гори под нозете зато што навистина нешто сме збркале или нешто ни излегло од контрола, а толку е важно сите конци да се држат во своите раце…„о безумни и тврди по срце“, како што вели Светото Писмо, исти сме како Јона, кој мрмка на Бог што Бог не му дава комотност на сенка и тие билки на кои самиот Бог им рекол „биди“! Па се вртиме околу себе и своите потреби како самиот Маслов да ни е роднина! И никогаш крај на нездравите односи, порешните постапки, небитни ситуации кои не трујат и уништуваат затоа што единствениот пат кога одлучуваме да „мислиме“ на другиот е патот на озоборувањето и критикувањето, кога во себе често не носиме ни трошка љубов која оправдува и поднесува, а камоли да простува и разбира.
Па сега се враќам на својот стап… својата соба… и се прашувам дали мојот Бог навистина е мојот центар и моето пристаниште… или моето пристаниште се други бродови преполни со гусари кои само ја опустошуваат мојата душа?! И додека ми поминуваат овие мисли низ главата утредента ја прашав сестрата: „Сестро, како го сочувавте Бог на прво место во своето срце?“ А таа скромно ми одговори: „О сестро, па не знам. Само секојдневно Му повторував: Сѐ Исусе, баш сѐ, за Тебе за љубов!“
Сега некој би можел да каже дека сето ова е налудничаво, фраза, но длабоко во себе и ти и јас точно знаеме кога да склизнеме од тоа пристаниште и на кој начин, само е прашање дали можеме било ти или јас во моментот на некоја наша потреба да го повикаме името над секое име и да викаме: помилуј ме и ослободи ме од потребите кои ме оддалечуваат од Тебе или ме водат во грев. Затоа што само во тие моменти расте силата на нашиот дух, само во тие ситуации можеме да научиме да го избереме онаа потешкото, но секако вредно за секој напор; одрекување, предавање, пуштање, воздржаност, ограничување на сопствената слобода на телото, егото, духот… за ти и јас еден ден да се најдеме со своите стапови, во засолништето во животот кој нѐ зближиле до Бог кој нѐ чека во моментите на сознавање на сопствената беда и ограниченост. Затоа што кога си слаб, пријателу, тогаш си и јак! Затоа што само силно можеме да гледаме очи во очи на своите слабости, мани, пропусти и и гревови и да останеме исправени, со поглед кон Единственото важно!
с. Марија Пиа Тадијанов/Лаудато/к.мк