Не бидете со тврди срца

„О, денес да бевте го послушале Неговиот глас! Не ожесточувајте ги срцата ваши.“ (Пс, 94,7)

Те барам, Господи. Морам да ти признаам, добро се сокриваш. Или мојот поглед е толку заматен што и покрај таквата убавина не може да те види. А баш би сакала. Тешко му е на ова срце, Господи. Станува се потврдо и потврдо, чуствувам дека тоне. Се одделува и се послабо те слуша. Би сакала да Ти викнам да дојдеш. Би викнала толку гласно што би ги разбудила сите кои спијат на овој свет. Ќе Ти викнам да ме слушнеш. Или барем да почуствувам дека ме слушаш. Ќе викнам толку силно за да распукне ова срце од камен, тешко срце. Можеш ли да го слушнеш очајниот крик на душата која чезнее за воздух од твојата милост? Знам дека можеш. Па Ти се можеш. Само е потребна љубов. Љубов која ги слуша зборовите на Својот Создател. Љубов која може да прими бескрајна милост која си ја собирал за секое твое битие. Љубов која го крши секое скаменето срце. Знам дека ми зборуваш. Знам дека и Ти викаш и сакаш да ја разбудиш заспаната радост во мене, ме повикуваш. Ме повикуваш на бескрајното поле на радост, надеж и љубов. Ме повикуваш на танц. Тоа ќе биде танц со најдобиот Танцувач кој совршено ги познава чекорите и мелодијата на мојата душа. Но, исто така знаеш дека ми треба време. Знаеш дека кај нас луѓето сето тоа оди толку бавно. Постепено. И Ти чекаш. Мој трпелив Бог. Чекаш да те слушнам и да Ти одговорам, а потоа, потоа ќе танцуваме. Создателот и неговото создание кое најпосле слушна. Кое најпосле има вистинско срце подготвено да одговори на секој чекор кој неговиот Создател го подготвил. Кое најпосле може да се препушти на водство на Најдобриот Танцувач.

Извор: фрама портал/Превод:Д.И

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<