„Неточно“ и „делумно“ информирање на некои медиуми

Канцеларијата за печат при Светиот Престол објави соопштение за „делумните“ и „неточните“ информации кои во минатите денови се објавени во средствата за јавно информирање во врска со доверливите документи кои се однесуваат на Канцеларијата за управување со добрата на Светиот Престол (АПСА).

Во соопштението се истакнува продолжувањето на соработката, како и секогаш, со компентентните служби и дека не се точни информациите преку кои може да се помилси за незаконски финансиски активности. Ватиканските судски органи започнаа истрага за незаконското предавање на доверливите документи; Канцеларијата за управуање со добрата на Светиот Престол не е под истрага, своите активности ги објавува согласно со важечките прописи и одредби – стои во соопштението на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот