Нека Богородичното ДА стане и наше ДА!

Нека Богородичното ДА стане и наше ДА!

Читајќи ја Библијата се среќаваме со многу ликови, но ниту еден од нив не воодушевува со толку голема едноставност како што тоа во Евангелието е случајот со Блажена Дева Марија. Иако во него не наоѓаме детален опис, сепак Марија го исполнува секој човек кој искрено пристапува на читањето на Светото Писмо.

Бог ја избира Марија да биде мајка на Неговиот Син. Таа во својата слобода го кажува своето ДА. Од тој момент нејзината историја станува и наша историја. Марија нè учи да не се плашиме да одговориме на повикот, кој се чувствува во срцето. Проблемот на денешното време е што премногу се гледа на сопственото ЈАС, моето ЈАС во кое мене ќе ми биде добро, не водејќи сметка дека човекот е создаден тоа свое ЈАС да го оствари дарувајќи го својот живот за некој друг (дали во семејството или како посветена личност).

Марија покажала со своето отворено срце кон Бог дека кога не разбираме многу работи и настани, оној темел кој нè води низ животот е токму љубовта, исполнет со длабока вера и доверба. Кога така се живее и се следи внатрешниот говор, човекот чувствува мир. Многумина денес бараат сигурност со своите животни избори, но Марија нè учи дека најважно е да бидеме луѓе на верата и љубовта, затоа што тоа е оној темел за да се направи оној одлучувачки чекор кон повикот, кој се чувствува.

Денес многу се зборува дека има сѐ помалку и помалку духовни повици. Кога се гледа преку бројки, тоа не е вистина. Но, кога би можело да се погледе во човечките срца, ќе се откријат голем број луѓе кои се повикани на духовен повик, но ги блокираат стравовите и несигурноста во верата. Марија ни е пример за силна вера и одлучност, да знаеме да го слушаме Божјиот глас. Нека Богородичното ДА стане и наше ДА!

Духовни-позив блогспот/к.мк

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот