НБА ѕвезди: Бог ме постави во НБА за да го ширам Евангелието

„Сѐ можам преку Оној кој ме крепи“

Големата НБА ѕвезда Двајт Ховарт, кој оваа сезона ќе игра за Атланта Хокс објави како Бог го поставил во НБА со цел да го шири Словото Божјо.

„Мојата мисија е проповедувањето на Божјото Слово во НБА лигата. Имено, јас НБА ја користам како платформа за Бог, и кога сум на подот, кога ќе паднам и тогаш некои луѓе го гледаат Бог во мене“, рекол Ховарт за СБН Њус, објаснувајќи им на луѓето дека сомнежите и пaдовите се составен дел од христијанскиот живот.

„Едно нешто ќе ви кажам, додава НБА кошаркарот, да не дозволите во увото да ви се вовлекува негативноста, бидејќи тоа влијае на вашата доверба. Дозволете само со позитивни мисли и само позитивни луѓе да бидат во ваша близина. Верувајте во себе и верувајте во Бога без оглед на сѐ,“ рекол Ховарт додавајќи дека на патот до Бога секогаш ќе ви се јавуваат критичари и мразители кои ќе ви одговорат: ‘не го можеш тоа, или не си добар за тоа’. Затоа ви велам, додава кошаркарот, слушајте го Словото Божјо а не критичарите на Словото. Вистината ви е запишана во Филипјаните 4,13, а таа гласи: „Сѐ можам преку Оној кој ме крепи!“

Тој посведочи дека неговата мисија не е ‘мирна’ за ширењето на Евангелието во НБА лигата, туку напротив сведочи дека на тој пат постојат многу искушенија. “Тешко е да се биде фокусиран на Бога, бидејќи светската сцена нуди многу искушенија. Без разлика дали станува збор за порази, слава или луѓе. Ако направите грешка јавноста ќе ве распне“, признава Ховарт велејќи дека луѓето само чекаат да кажат: „ти си христијанин, ти згреши“. „Со време научив дека Бог ми простил па така и јас на другите им простувам. Мора да знаете дека Исус умре на крстот за нашите гревови, па ако Тој бил подготвен да умре за да ни прости, зошто на луѓето им е толку тешко кога мора да си простуваат едни на други?’

Дневно/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот