Проповеди за време на постот ќе одржува кардинал Канталамеса, проповедникот на Папскиот дом, започнувајќи од 26 февруари
Во среда, на 17 февруари, во 9.30 часот, папата Фрањо ќе служи света Литургија, со обред на благослов и пепелење, во базиликата Свети Петар, се вели во соопштението на прес-службата на Светиот Престол, во кое се наведува дека учеството на верните ќе биде многу ограничено, како што беше вообичаено претходните месеци, во согласност со предвидените мерки за заштита. На тој ден нема да има Генерална аудиенција.
Префектурата на Папскиот дом, потврди дека проповедите за Постот ќе ги одри проповедникот на Папскиот дом кардинал Раниеро Канталамеса, на тема „А вие, за кого Ме мислите?” (Матеј 16,15). А ќе се одржуваат како што тоа беше направено и со размислувањата за време на Божиќниот пост во „Салата Павле VI“, за да се овозможи доволно растојание помеѓу учесниците. Проповедите ќе се одржуваат во петок за време на Великиот пост, 26 февруари и 5, 12 и 26 март во 9.00 часот, со присуство на папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк