На патрониот празник Успение на Пресвета Богородица во Струмица епископот Стојанов ги посвети семејствата на Срце Мариино

На 28 август, на патрониот празник Успение на Пресвета Богородица на катедралата во Струмица, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света Архиерејска Литургија во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзрхат во Македонија, Скопската бискупија, како и свештеници од странство.

Во Година на семејствата на светата Литургија, покрај верниците од Струмица, во катедралната Црква ходочастеа и голем број семејства од останатите парохии од Апостолскиот егзархат.

Во својата проповед (прочитај ја проповедта во целост) епископот Стојанов истакна: Денес се собравме во името на Исус Христос кој е жив, воскреснат и присутен меѓу нас. Денес во оваа света Литургија исповедуваме дека Исус Христос е Господ. Нему се поклонуваме и Нему се клањаме со вера и дела. И сега, драги браќа и сестри, се случува прекрасен одговор што Господ Бог ни го подготвува, ако сето оваа го прифатиме, а тоа е: заедништво со Исус Христос овде на земјата во Неговото Таинствено тело Црквата и еден ден во неговата вечна слава во небото.

Како доказ на тоа ветување што Бог ни го дава за верност и послушност на Исусовите зборови Тој не ни понуди сјаен пат посипан со рози и успеси, туку ни го понуди Исусовиот пат кој се понизи самиот себе и ни го понуди патот на двете Марии кои се одликуваат со скромност, понизност, верност, едноставност но и силна преданост на Божјото слово. Марија од Назарет бидејќи од послушност зачнала и го родила Исуса Божјиот Син, е единствена довршена личност на овој свет, а тоа е и со Духот и со Телото вознесена на небото. Со тој Божествен чин Вознесение Бог ни даде не само ветување, туку силен доказ дека послушноста на Неговото Слово е услов не само за вечниот живот, туку и воскресението.

При крајот од светата Литургија епископот Стојанов, во придружба на семејствата преставници од сите парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија, пред иконата на Пресвета Богородица ја измоли посветителната молитва, со што ги посвети сите семејствата од Апостолскиот егзархат на Срцето Мариино.

Прославата на патрониот празник, кој е во рамки на Година на семејствата заврши со благослов на заедничкиот ручек – Агапе, кој беше подготвен од Црковниот одбор.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот