Прифаќајќи го Исусовото вдахновение и повик како мисионери стануваме амбасадори на неговата љубов. Тоа е пасторалното делување на еден мисионер.
Преку Крштението сите сме мисионери, а на посебен начин тоа се монасите и монахињите и свештениците. Па, секој христијанин е мисионер, а понекогаш за тоа и да не е свесен. Луѓето кои нѐ опкружуваат ги гледат нашите животи и на начинот на кој живееме, со своето однесување ние им ја испраќаме пораката за спасение. Ние сме нивни мисионери. Тоа е нашето мисионерско поле за работа. Најпрво нашата семејна, општествена и професионална средина. Тука сме најпрво мисионери.
Но не и само тука. Исус има право да нѐ има во предвид и за далечните, непознати краишта затоа што и на народите во тие далечни земји Тој сака да им ја донесе Радосната вест за спасението. А кој од нас да го испрати? Нас, тебе и мене. Тој има право на нас! Прифаќајќи го Исусовото вдахновение и повик како мисионери стануваме амбасадори на неговата љубов. Тоа е пасторалното делување на еден мисионер. За него не е важно ниту дали го знае јазикот, ниту дали ја познава културата на народот каде што оди, ниту колку пари поседува. Не му е важна ниту желбата за успех во мисионерската работа односно колку тој ќе има влијание на луѓето и општеството. Она што е прво и најважно за мисионерот е заљубеноста во Исуса и препуштање на неговите вдахновенија. Само преку еден таков мисионер Бог зборува.
Да ги преобрати другите не е задача на мисионерите. А чија е тогаш? Тоа е дело Божјо, тоа е Исусова грижа. Луѓето не ги менува мисионерот, туку Исус. Мисионерот едноставно ги сака своите ближни, им служи, им говори и им ја сведочи Радосната вест на сите со кои се среќава на патот. За да се променат срцата на другите треба да се потпреш на Бoог и да прифатиш да делуваш на негов начин. Тоа е сѐ што Исус бара од нас и та е целата „работа“ на еден мисионер. Кога ќе ја ставиме својата доверба во него, Тој го менува светот. (…)
Драги свештениче, драга моја сестро – Му требаш на Исус во мисија. Дади му ја својата согласност.
дон Антун Штефан/мисије/мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк