Најчитаниот библиски стих во 2020 година: „Не плаши се, зашто Јас сум со тебе“

Најчитаниот библиски стих во 2020 година: „Не плаши се, зашто Јас сум со тебе“

Во неизвесна и тешка година како што беше оваа која помина, рекорден број луѓе бараа утеха, смисла и надеж. Додека Црквите беа привремено затворени, многумина користеа дигитални алатки за да се поврзат со Бог, вклучувајќи го и Светото Писмо. Во 2020 година, мобилните апликации за пребарување и читање на Библијата бележат огромно зголемување на корисниците.

Во искушенијата и неволјите, многу луѓе посегнуваат по Библијата за да најдат надеж, смисла и утеха. Минатата година беше бурна поради пандемијата со коронавирусот, целиот свет се најде во целосна конфузија. Затоа и не изненадува што многумина се свртија кон Библијата за да се обидат да разберат како да се носат со оваа криза.

Според ChristianityToday, барањето библиски пасуси се зголеми за дури 80 проценти во 2020 година користејќи ја популарната библиска апликација YouVersion; има скоро 600 милиони од нив во светот. Најбаран е извадокот од книгата на пророкот Исаија,, кои што многумина луѓе го најделе, прочитале и означиле со помош на таа апликација.

„Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со десницата на Мојата правда” (Исаија 41,10).

Многумина се мачат со проблемот на страв и вознемиреност, бидејќи вирусот продолжува да се шири низ целиот свет. BibleGateway објави слични откритија. Критичните настани од 2020 година се совпаѓаат со екстремните врвови на пребарувања на клучни зборови на најпосетуваната веб-страница на христијански содржини во светот – и можат да бидат групирани во четири централни теми: општество, епидемија, политика и свршеток на времето. Посетителите на BibleGateway најчесто читаат извадоци од книгата на пророкот Еремија:

„Еве, Јас ќе ги излекувам, ќе ги исцелам и ќе им откријам изобилие на мир и вистина.” (Јеремија 33,6)

Потоа следува Јеремија 29,11:

„Оти само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.“

Најпопуларниот библиски стих прочитан и споделен на BibleGateway 2020 е од Еванелието според Иван 3,16:

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.“

Патем, последните два цитати беа најчитани скоро секоја година во последната деценија, а двата најбарани поими во 2020 година – како и секоја година – беа љубовта и мирот. На трето место е зборот надеж, кој се пресели од петтото место во 2018 и 2019 година за две места на скалата на поимите за пребарување. Сосема е јасно дека луѓето среде неизвесност сакаат надеж и знаат дека Бог е со нас за да ги смири нашите стравови и грижи.

Алетеија/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот