Најтешка дискриминација на сиромашните е да не им се даде Евангелието

„Љубовта е поврзана со навестувањето на Евангелието; да се прават дела на милосрдието не значи само да се дели храна, да се дават материјални работи, туку да се носи и Бог. Тоа е затоа што најтешкосиромаштво за човекот е немањето на Бог“,истакна кардинал Роберт Сара, претседател на Папскиот совет Cor Unum, на средбата на организацијата Caritas in Veritate, одржана од 4 до 9 ноември во Рим, пренесува Catholic News Agency.

Кардиналот Сара ја истакна поврзаноста помеѓу делата на милосрдието и навестувањето на Евангелието и рече дека христијаните можат да нешто нешто многу поважно: Исус Христос. Најтешка дискриминација за сиромашните не е да не им се даде храна, туку да им се даде храна, а да не им се даде Евангелието, рече кардиналот Сара. „Многу важно е да се каже како гладот од кој денес страдаме, е глад од недостаток на Бог во нашиот живот, во нашето општество. Иако давањето на храна е потребно, сепак „главна храна е Бог“,објаснува претседателот на Папскиот совет Cor Unum.

Кардиналот се осврна на едното од неговите две патувања ви Сирија, кога ги посети бегалците. Сретнал мало дете кое го прашало: „Постои ли навистина Бог? Зошто дозволи мојот татко да биде убиен?“ Тоа дете не беше сиромашно за храна ниту, пак, му недостигаше медицинска грижа, но му недостигаше најважната работа, а тоа е сигурноста дека Бог постои и дека му е близок. „Милосрдието денес не значи само општествено делување, материјално помагање, туку вистинско донесување на Евангелието до луѓето“, истакна кардиналот.

На средбата на организацијата Caritas in Veritate, која ја сочинуваат меѓународни групи и каритативни институции, поттикнати од енцикликата на папата Бенедикт XVI, зборуваше и отец Раниеро Канталамеса, Папски проповедник, потсетувајќи како папата Бенедикт често истакнуваше дека да се биде христијанин не значи да се прифаќаат одредени теории или посебен доктринална содржина, туку да се прифаќа личноста Исус кој за себе рече дека е вистина.

Милосрдието мора секогаш да биде поврзано со вистината, инаку е само една општествена помош, истакна отец Канталамеса. Тоа е добро, но тоа може да го прави било кој. Христијаните, пак „имаат додатна причина за да им бидат блиски на сиромасите и оние што се во потреба, а тоа е затоа што Исус се поистовети со нив“. Делата на милосрдието и евангелизацијата треба секогаш да одат рака за рака, бидејќи секогаш се соединети во Исусовиот живот, заклучи Папскиот проповедник.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот